Вести
Старт на второ полугодие – учениците од ОУ „Мустафа Ќемал Ататурк“ во нов реновиран објект
Започна второто полугодие од учебната 2016/17 година. Учениците од утрово, после продолжениот зимски распуст се вратија на настава.
Според информациите од општинскиот сектор за образование, второто полугодие во сите училишта на подрачјето на Гостивар започна без поголеми проблеми. Училниците се затоплени и има услови за непречено одвивање на часовите. Одредени дефекти во системот се појавиле во средното техничко училиште, поради што првата смена не одржала настава. Екипи работат на санирање и се очекува во скоро време нормализирање на состојбата. Второто полугодие учениците од основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ го започнуваат во целосно обновен училишен објект. Во текот на зимскиот распуст заврши реконструкцијата на зградата и сите други зафати, кои се реализираа со проект поддржан од Турската агенција ТИКА, во вредност од милион евра. Наставата започнува да се изведува, а во наредниот период се очекува и свечена промоција на проектот.
Зимскиот распуст беше продолжен за два дена (18 и 20 јануари) со одлука на Министерството за образование, по препорака на Комисијата за заразни болести, како превентивна мерка против ширењето на грипот. Двата дополнителни дена од распустот, ќе бидат одработени во саботен ден, во текот на месеците март и април.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди