Македонија
Стартува кампања за заштита од пожари – „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“

Дирекцијата за заштита и спасување од денес (15 јули) почнува со едномесечна кампања за заштита од пожари. Кампањата ќе се одвива преку едуцирање на населението за намалување на заканите од пожари, со помош на едукативен прирачник и постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари кои ќе бидат поставени низ градовите, на наплатни станици, излетничките места и други локации.
„Целта на оваа кампања не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа, бидејќи влегуваме во таканаречен критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор“, изјави директорот на ДЗС, Аднан Џафероски.
Кампањата ќе се води под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“. Вакви активности се предвидени и за намалување на последиците од поплави, земјотреси и други катастрофи предизвикани од природата и човекот.
Во однос на превенцијата од шумски пожари, од март активна е забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП Национални шуми, која ќе трае до нејзино отповикување.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите