Вести
Стартување и управување на возилото во зимски услови
Објавено
пред 4 годинина

Зимата си има свои убавини, но студенилото знае да биде непријатно и да создаде нервози. Наутро, не баш на драга волја, но некако и ќе успеете да се извлечете од под јорган за на работа, на училиште или за други обврски. Но, тие што седнуваат за волан, имаат уште една мака. Да го загреат и стартуваат автомобилот. Прочитајте што е корисно да знаете за старт и возење на возилото при студено време.
Пред да го стартувате моторот на автомобилот темелно исчистете ги прозорците, светлата и трепкачите. Опасно е да се тргне со замаглени прозорци затоа е потребно во неколку минути да обезбедите оптимална видливост. Во системот за перење на ветробранските стакла треба да се стави пропишана течност, но мразот, како и росата треба да се отстрани со стружење на ветробранското стакло, а не со бришачите. Ако постапувате спротивно, многу лесно и многу бргу ќе ги оштетите бришачите (односно нивните гумени „метлички“).
Задолжително исчистете ги и надворешните ретровизори, бидејќи тие ви ја обезбедуваат страничната видливост. На тој начин ќе ја имате потребната прегледност при почнување на управувањето.
По неколку минути работење, агрегатот малку се загреал и воздухот што влегува преку дифузерите за вентилација почнува да ја суши влагата од внатрешната страна на стаклата. Неопходно е да имате при рака и мека крпа, за ако има потреба, да се избрише внатрешната страна на ветробранот.
Во прво време возете внимателно и без брзање, бидејќи треба да почекате моторот потполно да се загрее, за вентилацијата да почне да работи со полна сила. Внимателноста е неопходна и поради незагреаните (студени) пневматици, што на студениот асфалт немаат добар грип за подлогата и се создава голем ризик од пролизнување, при сопирање и брзо возење низ свијоци. Ова станува екстремно опасно ако на лизгава замрзната сообраќајница возите со летни гуми. Добри зимски гуми вредат повеќе од се’ и на нив не треба да штедите. Не правите добар избор ниту кога монтирате стари користени зимски гуми, особено ако длабината на „шарката“ е помала од четири милиметри. Без оглед на финансиската и економската криза најисплатливо решение е да купите добри, нови, некористени зимски гуми.
Замрзнатите делови на коловозот најчесто се среќаваат на надвозниците, во клисурите, на влезовите во тунелите, како и на местата во осој (ретко изложени на сонце). Налетувањето на мраз со несмалена брзина значи сигурно излетување од патот, што тешко може да го спречи и највештиот возач. Во случај кога температурата е под нулата треба да се вози внимателно и кога коловозите се суви, бидејќи гумите тогаш полошо се лепат за патот. Управувањето станува потешко и секое вртење и менување насока на движење, како и кочење станува опасно.
Вработувања Полог:

Двајца браќа се товарат за насилство во Гостивар, нападнале жена и две машки лица

Во што ја претворивме Земјата за помалку од 40 години?

Гостиварци хумани – даруваат крвна плазма за лекување на ковид болни

Девојка од Гостивар пријавила силување во куќа каде татко и‘ ја омажил сосила

Денеска регистрирани се 603 нови случаи на ковид, починати 39 лица

Од први мај почнува електронски упис на првачињата, следуваат обуки за училиштата

Ги нападнал сопругата, синот и снаата, а во ПС Гостивар оштетил просторија

Нелегална сеча на дрва – ОВР Гостивар приведе две лица

КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје

Нов Ултра леток на Ултра Маркети, заштедете до 48%

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ: Нова месечна акција (16.04.21 – 15.05.21)

Детали од официјалното упатство за вакцината СПУТНИК – мерки на претпазливост, реакции…

Денот што го чекавте! Отворени новите УЛТРА МАРКЕТИ во Гостивар, одлична понуда и квалитет, прифатливи цени

Во Албанија уапсен гостиварец баран од Интерпол

Тажна вест-Почина познатиот актер Луран Ахмети

Тромботичен ефект кај девојка од Македонија која примила „Астра Зенека“ во Србија

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Гостиварпред 2 месеци
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Занимливостипред 2 месеци
Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот
- Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
- Спортпред 4 недели
КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје
- Гостиарскипред 2 месеци
Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))
- Гостиварпред 3 месеци
Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар
- Македонијапред 2 месеци
Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?