Поврзи се со нас

Гостиарски

Став: Најдоброто од тебе допрва доаѓа!

Објавено

на

Денес, јас сум ТИ. Убаво прочита, верувај ми! Матурските фешти ми создаваат анксиозност, родителите повозбудени од нас-чинам веќе ни прават генерална проба на нашите идни свадби. Главата станува експрес лонец  кој прекипува од фејсбук слики и фенси понуди за матурски пакети за секој џеб. Чекај малку… секој џеб? Сигурни сте? Не е баш така. Во секој клас секогаш постојат по неколку наши пријатели со кои сите овие години дишевме ист воздух во училиштата. А дома? Таму како ни е, знаат само најблиските и понекое пријателче блиско на душата. Несомнено современиот стил на живеење го разбуди глумецот во нас. Повремено сме Пепелашка (особено кога од нас дома ќе побараат да го изнесеме ѓубрето)… ама на училиште мора да сме Селена Гомез или Кардашиан. Или ако си момче мора да потсетуваш на некој тип од бендовите кои ги слуша твојата симпатија. Мора да се билдаш. Мора да имаш бесна кола или мотор. Никој  не сака веќе да шета за рака и пеш. Не знам јас кога… ама ете нормалното станало – бљак! И се`е поврзано со МОРАШ! (Еден ден, ќе ви текне дека баш кога ќе ви велат мораш – најмалку ќе сакате.)

И каква е таа припрема за матурска без најскапите гелни нокти, без посета кај најдобрата фризерка или шминкерот кој ќе ве претвори во „во бомбона на потпетици„ и за еден час ни дома нема да ве познаат да не е изводот на родени. Aмa  нeкa  пукнат  сите оние што ги потенцирале вашите кожни, ни малку битни проблемчиња… и нека му е криво на оној од другиот клас што никогаш не возвратил на вашето “здраво“ во град. Родителот кој може, ќе овозможи да се претворите во опасен предизвик.  Родителот кој не може,  ќе го мразите и ќе го доживувате како уништуваш на вашиот момент.

Никому не му текнува дека модата одамна се враќа. Никому не му текнува дека многумина од вашите пријатели и пријателки имаат нос за убави парчиња по локалните бутици а некогаш и од омразената Шутка. Кога би знаеле колку пати сте паднале во несвест од фустаните на вашата другарка или фармерките на другарот – кои биле набавени баш од таму. Да знаете, би си мавнале шамар за сите испади дома што не сте добиле фустан од Versace или костум од Hugo Boss. Да знаете  само колку  вешти анонимни шивачки од парче платно прават чуда,  а можат да го преобликуваат винтиџ фустанот од вашата мајка во предмет на завист, бидејќи модата се враќа драги мои!

Знаете што не се враќа? Времето. Еден убав ден, ви тврдам… речиси и нема да се сеќавате на она што сте го носеле вечерта. Ќе паметите еден куп глупости, смешки и случувања со кои ќе го потполните менталното портфолио со кое ќе се претставите пред своите потомци и анегдоти кои ќе ги споделувате на работното место. Ќе паметите скршени потпетици и расипани фризури и разговорите со соучениците кои не така одамна ви се чинеле недостапни, смотани или тивки. И можеби на момент ќе ви биде жал што не сте им дале шанса на некои  луѓе поубаво да ги запознаете. Онака, под лушпата што сите ја носиме, да останеме неповредени. Се` е  момент, па и матурата. Матурската вечер и аутфитот не ве дефинираат кои сте.

Но, јас не се согласувам со она: кој ве цени,  ќе ве сака какви што сте. Напротив, не бидете конформисти. Бидете најдобрата верзија од себе си.! Поради себе.

Кога ќе се исклучат светлата на денот и ќе ја избришеш шминката или ти, момче кое го оставаш костумот на закачалката за до следниот свечен повод…. сте истите оние што секоја приквечерина одат до продавницата да си купат нешто благо. Зашто животот не е  фабрика за исполнување желби, ниту е секогаш сладок… ама кога му ставаш малку шеќер, може да биде најубавиот десерт што си го овозможил! ПРАВИ СПОМЕНИ, НЕ ФРУСТРАЦИИ!

 

Џини До

Сподели ја веста:
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 7 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 15 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 16 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 18 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 18 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 19 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 2 дена

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 2 дена

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена