Поврзи се со нас

Вести

Сте се искачиле ли некогаш до врвот на Саат Кулата?

Објавено

на

Саат Кулата е едно од првите места кои странските туристи изразуваат желба да го видат, кога се во посета на Гостивар. Симболот на градот е познат, го има на грбот и на знамето на општината, може да се најде на разгледници и на фотографии. За разлика од порано, кога граѓаните и посетителите можеа да ја разгледуваат само од надвор, откако беше реставрирана, Саат Кулата е отворена и за оние кои сакаат да влезат внатре, да се искачат по скалите и од највисокиот дел да уживаат во панорамска глетка на Гостивар.

Од Конзерваторскиот Центар оценуваат дека по реализација на зафатите за реставрирање, објектот станува се поатрактивен за посетителите. „Интересот за посети е голем, особено за оние кои не се од градот и за странците. При прво доаѓање во Гостивар, домаќините им го претставуваат градот и Саат Кулата, како симбол кој вреди да се види“, вели Аднан Фејзулаи, директор на Конзерваторски Центар Гостивар.

Со цел за промоција на овој значаен споменик од културно-историското наследство на Гостивар, Конзерваторскиот Центар има спроведено Отворени денови, а за наредната учебна година се планираат и организирани посети за учениците од гостиварските училишта. Граѓаните кои се заинтересирани да ја разгледаат кулата на своја иницијатива, треба да се обратат во Центарот или Муфтинијата за да добијат клуч од влезната врата.

Според записите, Саат Кулата била изградена во 17 век од Исмаил-ага, чие име како донатор го пишува на плочата пред влезната врата, со османлиско писмо. Во времето кога била изградена, сите други објекти биле пониски, па кулата се јавува како доминантна. На почетокот имала само механички часовник и камбана која со своите звуци ги означувала часовите. За време на Првата светска војна, дрвената конструкција изгорела и останале само камењата на ѕидовите. Кулата била обновена во 1986 година. Во јануари годинава беа поставени нови механизми на часовниците, кои сега го покажуваат точното време.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена