Македонија
Сте слушнале ли за бројот 112 ?…Над 60 % од анкетираните не знаеле за што служи

Бројот 112 како број за итни случаи при соочување со опасност го препознаваат 17,3 отсто од испитаниците. Најголем дел од испитаниците или 58 отсто кога ќе наидат на опасност најпрво би се јавиле во полиција на 192, а 18,3 отсто не знаат каде треба да се јават. Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Тој ги презентираше резултатите од анкета за мерење на свесноста и познавањето на граѓаните за единствениот европски број за итни случаи 112 и улогата на Центарот за управување со кризи. Анкетирањето е спроведено од 29-ти мај до втори јуни година на репрезентативен примерок од 1067 испитаници од страна на агенцијата „Маркет Висион“.
Ангелов информира дека на граѓаните им се добро познати броевите за итни случаи. Најголема свесност постои за бројот 192, односно за полиција или овој број го знаат 72,1 отсто од испитаниците. Најмала свесност постои за бројот 193 или 56,9 отсто од испитаниците знаат кој е бројот на противпожарната бригада.
На прашањето „Сте слушнале ли за бројот 112?“, 37,4 отсто од испитаниците се изјасниле дека го знаат бројот 112, а 62,6 отсто одговориле дека не го знаат овој број.
„Ова не наведува на заклучокот дека треба да работиме на популаризација на бројот 112. Притоа упатуваме молба до сите медиуми, да го популаризираат бројот 112, на тој начин да им помогнат на граѓаните“, потенцира Ангелов.
Ангелов рече дека корисно е граѓаните да го знаат бројот 112 и додаде дека се уште остануваат во функција телефонските броеви 192, 193 и 194.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!