Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Сте слушнале ли за ДАШ диета? Ефикасно и здраво слабеење без гладување!

Објавено

на

Колку пати сте започнале некоја диета и сте се откажале после 2-3 дена? Не сте единствени. Всушност над 80% од луѓето не успеваат да се држат до определениот диететски режим, затоа што реално гледано, поголемиот дел од диетите се исцрпувачки, го изгладнуваат организмот и поставуваат невозможно мени на исхрана. Сега е време за една поинаква диета. Наречена е ДАШ, што е кратенка од Диететски Пристапи кон Стоп хипертензија – Dietary Approaches to Stop Hypertension. Базирана е на медицински истражувања и првенствено е наменета за луѓе со висок крвен притисок.

Стручњаците тврдат дека даш диета е одличен начин да се поправи и одржува здравјето, а со тоа да се губи од телесната тежина со јадење на вистинската храна. Што значи нема ГЛАДУВАЊЕ!. Изминатите години прогласувана е за “најдобара исхрана во Америка”, и има се поголем број на поддржувачи.

Основата на оваа диетата содржи план на исхрана богата со овошје, зеленчук, млечни производи со ниска масленост, грав, грашок, ореви, разни водови семиња, риба, пилешко и мисиркино месо. Од исхраната се исфрлаат празните јаглехидрати.

Диетата е поделена во две фази:

Прва фаза трае две недели и вклучува постепено исфрлање на јаглените хидрати односно, следната храна: леб, тестенини, компир, бел ориз, алкохол, секакви врсти колачи, чоколади. Тие се заменуваат со свеж зеленчук, овошје, пилешко и мисикрино месо, риба, обезмастен јогурт, грав, грашок, леќа. Може во исхраната да се внесе маслиното масло и авокадо. Со намалувањето на јаглените хидрати, метаболизмот ќе почне да функционира поефикасно, а благодарение на здравата и лесна храна ќе имате повеќе енергија.

Втората фаза е всушност продолжување со истото дозволено мени, но целосно исфрлање на лошите намирници. Во оваа фаза треба да се внесат интегралните житарици и интегрален ориз. Важно е да се јадат три оброци на ден и 1-2 ужинки. Количината на храна да биде умерена и добро да се џвака. За намалување на тежината секако ќе помогне некоја физичка активност, трчање, пешачење, вежби.

Даш диетата е наменета за сите, без оглед на здравствената состојба, возраста и на неа може да се гледа како на начин на исхрана кој помага во одржување на здравјето.

Неколку правила на даш диетата гласат: гладувањето не води до губење на масти, центарот на оброкот е разнобоен зеленчук, содадете храна богата со протеини која ќе ве засити и нема да сте гладни повторно за еден час, млечните производи со ниска маснотии можат да ви помогнат да го одложите чувството на глад, ореви и разните семки се забавни грицки кои го штитат срцето и помагаат во губењето на тежината.

Пример за дневно мени на даш диета:

Појадок:

  • интегрален ѓеврек
    • портокал
    • 2,5 dl нискокалорично млеко, јогурт
    • кафе без шеќер

Ручек:

Салата од спанаќ:
• 120 g свеж спанаќ
• Рака бадеми
• 2 лажички јаболков оцет
• 2,5 dl нискокалоричен јогурт
• неколку парчиња двопек, малку кромид

 

Вечера:

  • 100 g печена риба во растително масло
    • 160 g интегрален ориз
    • 160 g грашок
    • 1 мало интегрално пециво
    • зелен чај

Меѓуоброк :

  • ниско калоричен јогурт, интегрални бисквити, моркови, зелка
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена