Поврзи се со нас

Култура

Стефани Гаврилоска (12): Творам со една цел, да бидам позната писателка!

Објавено

на

 

Дванесетгодишната гостиварка Стефани Гаврилоска е исклучителен талент за создавање убаво пишан збор.  Без разлика дали се работи за поезија или за проза, ова девојче има мајсторски израз, фантазија која умее максимално да ја искористи и дарба која постојано ја надградува. На свои 12 години, Стефани веќе се потпишува како автор на две книги, една стихозбирка и роман. На полето на литературата има добиено многу пофалници и дипломи, на локално и на државно ниво („Напиши писмо со ракопис на срцето“, награда за најмлад писател по повод 8-ми декември – денот на св.Климент Охридски, учества во повеќе телевизиски  детски емисии, литератури читања, манифестации). Во продолжение Гостиварпрес низ неколку прашања и одговори ви ја претставува Стефани, пример за млад талент со кој Гостивар може да се гордее.

 

Како и кога се роди љубовта кон пишаниот збор?

Се започна во предучилишните денови, кога штотуку научив да читам и пишувам.  Малечката љубопитност кон една обична сликовница, за кратко време се претвори во голема љубов и приврзаност кон книгите и пишаниот збор.Пишував на мали листови и себично ги собирав на едно место сите запишани моменти немислејќи дека еден ден ќе почнам интензивно да пишувам.

Кажи ни нешто повеќе за твоите две дела, стихозбирката Виножито во рима и романот во раскази Тина и Лина.

Стихозбирката „Виножито во рима“ е мое првенче, објавено 2 март, 2014 година, на денот на мојот десетти роденден.  Оваа книга содржи поезија и проза, напишани во рима и собирани уште од мојата најрана возраст.Во оваја прилика и се заблагодарувам на мојта учителка Елизабета Стојкоска за поддршката која ми ја даде тогаш кога ми беше најпотребно, бидејќи во мене виде потенцијал. Таа заедно со моите родители и денес ме бодрат да ја реализирам секоја моја идеја.

Втората по ред моја  книга„Тина и Лина“ е мој прв роман, кој е промовиран во пресрет на 24 мај, оваа година.  Се зборува за две девојчиња близначки кои носат силна порака дека со многу труд и силна желба, може да се надмине секоја пречка и да се успее во животот.

Дванаесет години, а веќе автор на две книги. Која е пораката до другите деца кога е во прашање литературата?

Кога се работи за литературата, постои едно нешто што  би сакала да го упатам како апел до моите врсници, а тоа е дека  секој не може да напише книга, но секој може барем да прочита некоја. Со секоја прочитана книга, стануваме побогати и луѓето повеќе не почитуваат. Книгата е непресушен извор на знаење. Во една прилика прочитав дека човекот што чита книги живее многу животи, а оној што не чита само еден.

Што најмногу сакаш да читаш?

Обожувам да читам романи  со социјална содржина, во кои се раскажува за животот на некои личности, за падови и успеси, за постигнати цели  кои упатуваат  на различни пораки до читателите. Сепак секоја книга е различна и секоја е убава на свој начин.

Подготвуваш ли нешто ново…Планови за во иднина…

Секојдневно пишувам по нешто.Тоа е моето бегство од реалноста, бегство во мојот свет каде сум сам со моите ликови и каде го „живеам“ нивниот живот. Во ракопис имам уште многу текстови и песни, кои се надевам дека еден ден ќе бидат успешно промовирани.  Се разбира дека ќе продолжам да пишувам, бидејќи љубовта кон пишаниот збор е неизмерна и поради тоа живеам и творам со една цел – во иднина да бидам позната писателка. Во оваа прилика им се заблагодарувам на сите што учествуваа во издавањето на моите книги, мојот постојан тим на рецензент, лектор и илустратор и секако до моето семејство, кое се труди сите мои пишани текстови да ја видат светлината на денот.

 

                                                                                                                      Љупка Антеска

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 2 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 3 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 4 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 5 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 7 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена