Поврзи се со нас

Спорт

Стигнаа ваучерите од АМС – Колку се „офајдија“ гостиварските спортски клубови?

Објавено

на

Агенцијата за млади и спорт ја објави листата со спортските клубови, индивидуални спортисти и федерации кои добиваат ваучери, а кои може да ги искористат за добивање средства од даночните обврзници во земјава. Распределбата на средствата е различен, во зависност од спортот, постигнатите резултати, организираноста на клубот, рангот на натпреваруање, меѓународни натпреварувања, бројот на репрезентативци итн.

Од гостиварските спортски друштва Кошаркарскиот клуб Гостивар како и годините наназад најдобро котира на оваа ранг листа, за 2022 година доби ваучер од 7.000.000 денари. ФК Гостивар доби 1.400.000 денари. На Женскиот Кошаркарски клуб Гостивар 2009 доделени се 1.050.000 денари. Следат РК Јехона со 420.000 и ФК Беса 1976 од Добридол со 400.000 денари. Карате клубот Асиарт доби 330.000, Шаховскиот клуб Гостивар 140.000 и Велосипедскиот клуб Адреналин 130.000 денари.

На листаста на корисници на средства од даночно ослободување за 2022 година, се наоѓаат уште неколку спортски клубови и индивидуални спортисти од Гостивар, на сите тие вредноста на ваучерот е под 60.000 денари.

Ракометнио клуб Вардар доби најголем ваучер за 2022 година, сумата е 17,5 милиони, а зад него е Еурофарм Пелистер со 16,5 милиони денари.

Во кошарката МЗТ Скопје доби најголем ваучер од кошаркарските клубови, вредноста е 12,3 милиони, пред Работнички со 10,8 милиони денари.

Во фудбалот најголеми суми добија Шкендија, 10,8 милиони денари, Шкупи и Струга Трим Лум по идентични 9.850.000 денари.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена