Култура
„Стихувалки“ ги развесели најмалите гостиварци
Поетскиот карван на Фестивалот за детска поезија „Стихувалки 2018“ го посети Гостивар. Најмладата читателска публика имаше можност да ужива во интересна и весела промоција на збирка творби со детски песни создадени од педесетина домашни автори. Меѓу застапените поети во книгата, кои претендираат за една од фестивалските награди е гостиварката Слаѓана Брезовска. Нејзината песна „Големата мака“, на промоцијата ја изрецитираа ученици од основните училишта „Мустафа Кемал Ататурк“ и „Гоце Делчев“. Атмосферата ја разубавија малите танчерки од денс студиото Дунек.
Целта на проектот, кој го реализира издавачката куќа Едука Мак е да се надополни недостатокот на литературата за деца, да се доближи поезијата до најмладата публика како и децата да се поттикнат на читање, објасни Ели Маказлиева, иницијатор на активноста
Христо Петрески, член на жири комисијата упати порака до родителите што почесто да им читаат на децата уште од мала возраст за да развиваат навики кај нив и самите да го засакаат пишаниот збор.
На конкурсот за „Стихувалки“ се пријавиле деведесетина афирмирани и неафирмирани поети од различни генерации, од кои жири комисијата избра 49 чии песни се најдоа во книгата. Дваесет и пет од нив се натпреваруваат за златна, сребрена и бронзена плакета, а можност да гласа имаше и публиката во Центарот за култура АСНОМ.
Проектот се реализира со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар