Гостивар
Стојаноска: Луѓето во тетовските села се заборавени од власта, се обврзуваме да им помогнеме
Носителот на листата во ИЕ 6 од Коалицијата што ја предводи ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денешниот ден во склоп на предизборната кампања го помина во посета на повеќе тетовски села: Варвара, Лешок, Непроштено, Доброште.
„Ова е горд народ со јасни ставови кои целосно ќе ја дадат поддршката за обнова на Македонија. Денот го започнавме во село Варвара во атарот на црквата “Света Петка” каде го поставивме знамето на јарбол и високо го кренавме. Со кренато знаме и кренати глави продолживме на средба со граѓани во село Лешок. И тука тешки судбини се насобрале. Луѓето едвај врзуваат крај со крај, оставени сами на себе, не’ известија дека субвенции за земјоделците, се намалени и покрај тоа се уште не им се исплатени за 2019 те година. Се обврзуваме дека ќе помогнеме и дека во догледно време повторно ќе ги посетиме. Потоа продолживме во село Непроштено, каде положивме свежо цвеќе пред споменикот на бранителите, кои 2001-ва година несебично и храбро ги положија своите животи во одбрана на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија.“, изјави Стојаноска нагласувајќи дека жителите од тетовските села се оставени на маргините од властите.
„Натоварени со проблеми и целосно заборавени од локалната и централната власт. Оваа негрижа конечно го дочекува својот крај. Од 15-ти јули започнува обновата на Македонија. 15-ти јули е почетокот на успешна, горда и достоинствена Македонија.“, рече носителката на листата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди