Гостивар
Сторија од Гостивар: Како самохрана мајка на девојче со церебрална парализа се справува со коронакризата
Светот се бори со ковид пандемија. За оние чија животна борба почнала уште од раѓање, состојбата дополнително отежна. Коронавирусот стави клуч на врата на Дневните центри за деца со посебни потреби. Внесе страв и стрес во домовите на семејствата, го искомплицира обавувањето на секојдневните обврски…Маргарита Милошеска од Гостивар е самохран родител, мајка на 16 годишната Мартина, која има церебрална парализа. Останувањето дома, неможноста за дружење, затвореноста поради вирусот – девојчето многу тешко ги поднесува, вели таа.
„На сите луѓе во целиот свет, коронакризата остави многу негативни последици, но би рекла дека за лицата со посебни потреби, тоа секако е поизразено, посебно за децата со посебни потреби. Тоа се деца кои сакаат комуникација, да си ја запазат дневната рутина и слично, а не знаат да се заштитат, не знаат и не можат да разберат за носење маски и држење дистанца. Моето девојче Марина многу тешко ја поднесе оваа ситуација. Многу е нервозна, последните месеци е страшно неровозна. Таа беше научена да престојува во Дневниот центар, сега не може. Беше научена да ја носам на море, сега поради ризикот и тоа не го правиме. Водата во Охрид сепак е поладна и не и‘ одговара. Ние порано два пати во летото одевме на море, сега сме затворени дома“, вели Маргарита.
И стручните лица го делат мислењето на родителите – дека последиците од коронакризата за децата со попречености се огромни. Изолацијата, менувањето на навиките, оддалечувањето од другарчињата, сето тоа негативно удира врз нив.
Тоа што Дневните центри се затворија, не мораше да значи целосно исклучување на децата од процесот на социјализација и добивање на стручна помош, смета Милошеска. Како пример додава дека можело да се организираат активности на отворено.
„Ние сме благодарни што во услови на коронакриза сме ослободени од работа и можеме да бидеме дома да се грижиме за нашите деца. Но, се прашувам зошто Министерството за труд и социјала не се организираше, активностите на Дневните центри да бидат неколку пати во неделата на отворено. Еве, Гостивар има прекрасни паркови каде децата можеа да имаат разни активности без ризик, како уметност, некакви спортски активности, дружење, нешто корисно за нивното психичко и физичко здравје. Зошто никој не се сети на вакво нешто? Зошто без да ги потсетиш дека може да се организира вакво нешто, не им текнува? Со истата екипа од Дневниот центар, можеа да организираат активности на отворено“, нагласува мајката и додава дека работата на Дневните центри може да се организира на начин да не се згрижуваат сите деца секој ден, туку во групи.
„По 3-4 деца да се распределат во групи и така да се одвиваат активностите. Да се поделат и на тој начин ќе се намали ризикот, а сепак децата нема да бидат сосема изоставени од социјализација и работа со стручните лица“. вели Милошеска, која инаку е поддржувач и на иницијативата Стоп Русино.
Маргарита и Мартина, како и другите родители и деца со посебни потреби, за сега остануваат сами да се соочуваат со тешкотиите и предизвиците од пандемијата. Кога ќе бидат отворени Дневните центри се уште не се знае.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар