Поврзи се со нас

Гостивар

Страдивари виолина, мит кој чини милиони долари

Објавено

на

Мистеријата на вилолините на прочуениот мајстор Антонио Страдивари е присутна последниве 300 години. Во текот на неговиот долг живот направил околу 1.100 жичани музички инструменти, виолини, виоли, виолончела и гитари. Околу 550 виолини, од 960-те, колку се проценува дека направил, постојат и денес.

Познавачите кои имале прилика да ги видат неговите дела сметаат дека се неверојатни. Неговата виолина е многу лесна, тежи помалку од половина килограм.

“Страдивари знаел што прави. Направил совршен баланс помеѓу меко и тврдо дрво, за да кутијата може да вибрира. Тој никогаш не направил иста виолина два пати. Секогаш се трудел да го унапредува звукот и изгледот“, вели стручњакот за префинети музички инструменти Тим Инглс.

Виолинистите се маѓепсани од страдивариевата виолина, ја сметаат за “дел од своето тело“ и “сродна душа“. Флоријан Леонард, реставратор од северен Лондон, моментално има 4 виолини за продажба од таканаречениот “златен период“ на Страдивари 1700 – 1725 година. Една таква виолина, од 1716-та, позната е како “Месија“. Леонард својата највредна виолина која ја нарекол “Нов Месија“, ја проценил на 20 милиони долари, што би можела да биде највисока цена на една Страдивари виолина.

Пазарот на овие врвни инструменти е тешко предвидлив. Така во 2014-та една Страдивари виолина е продадена за вртоглави 4 милиони долари. Еден од најеминентните продавачи на овие славни инструменти Артур Ф. Хил, уште во 1908-ма година запишал: “Еден Страдивари не може да биде разбран никако поинаку освен како мудра инвестиција.“

Stradivarius - Simple English Wikipedia, the free encyclopedia

Се верува дека Антонио Страдивари е роден 1644-та година, иако датумот не е никаде забележан, во Италија. Можно е да бил ученик на Никола Амати. Во 1680-та почнал со работа во својата работилница во Кремона, Италија и набрзо станал познат како мајстор со исклучителен квалитет. Почнал да изработува модели во стилот на Амати, но и да експериментира со материјалите, дебелината на дрвото, лакот со кој го заштитувал дрвото итн. Најдобрите инструменти, според денешните мислења ги изработил помеѓу 1698-ма и 1725-та година, со тоа што најсовршените примероци се направени 1715-та година, а квалитетот почнал да опаѓа после 1725-та година. Најверојатно после овој период инструментитте ги изработувале неговите синови.

Мистеријата за совршенствто на неговите инструменти ја однел со себе со неговата смрт во 1737 година.

Но, уште од 19-ти век многу тестови ја доведувале во прашање супериорноста на инструментите на старите италијански мајстори. Многу луѓе упатени и неупатени во оваа област не успеале да го препознаат звукот на старите во споредба со звукот на новите виолини.

Клаудија Фриц, научник кој студирал акустика на инструментите и Џозеф Куртин, произведувач на виолини  во своето истражување се обиделе да ја откријат тајната на звукот на Страдивари виолината. Одговорот е дека таа не постои.

This Stradivarius violin: A 'jealous mistress,' a prize worth millions

“Многу луѓе беа убедени дека само што ќе засвирите стара виолина, ќе почувствувате дека е стара, дека на неа е мнугу нешто изведувано и дека има посебен квалитет на звукот. Луѓето кои учествуваа во нашиот експеримент, кога им го соопштивме резултатот, велат дека имале најдобро искуство во животот. Беа цврсто убедени дека ќе ја приметат разликата, но не можеа“, вели Клаудија Фриц.

Имено, во текот на осмиот меѓународен виолински натпревар во Индијанополис Фриц и Куртин убедиле шестмина виолинисти да им ги позајмат нивните инструменти за експеримент. Три биле нови, една е направена само неколку дена пред тоа, две Страдивари и една Гварнери виолина. Една од Страдивари виолините била сопственост на културна институција и се изнајмувала само на најталентираните музичари.

Потоа во лабараторијата повикале 21 професионален виолинист. Тие свиреле на сите шест виолини во затемнета хотелска соба со релативно “сува“ акустика.

Тестот бил со двојно тајновит, бидејќи ни виолинистите ни луѓето кои им ги предале инструментите не знаеле кој инструмент е кој. Секој свирел по една минута и после тоа кажале која виолина најмногу им се допаѓа. Симпатиите ги освоиле и старите и новите виолини. Но, необично е што највредниот Страдивари од шестте виолини е избран помалку пати од трите нови виолини.

Сепак, митот е голем, величенствен. Веројатно нема кој не би сакал да го слушне звукот на една Страдивари виолина.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена