Поврзи се со нас

Спорт

Страотен инцидент на трката за големата награда на Бахреин

Објавено

на

Драматични сцени беа забележани по самиот старт на трката во Формула 1 за големата награда на Бахреин. Возачот во тимот на Хаас, французинот Роман Грожан, по контактот со болидот на русинот Данил Квјат, излета од патеката и се заби во заштитната ограда по што болидот експлодира и се преполови на два дела со Грожан во него.

Иако на многумина им застана срцето, со оглед на тоа дека сцената изгледаше страшно, со помош на брзата интервенција стјуардите и луѓето задолжени за безбедноста на возачите, Грожан успеа да се извлече од пламените јазици со лесни изгореници на дланките и глуждовите.

Сликите по судирот изгледаа ужасно бидејќи едната половина од болидот буквално исчезна во експлозијата и навистина е голема среќа што французинот го преживеа судирот.

По еден час, по повторениот старт, исто така по контакт со Квјат, се преврте болидот на Ленс Строл по што на патеката излезе безбедносното возило и повторно се одложи стартот на трката.

Старо-новиот шампион Луис Хамилтон ја однесе победата на гранприто во Бахреин, зад него завршија возачите на Ред Бул Рејсинг, Макс Верстапен и Александер Албон.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена