Гостивар
Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Вознемирувачки случај во Гостивар регистрираат социјалните служби и полицијата. Жена го оставила своето седуммесечно бебе само во куќа, речиси дехидрирано. 39 годишната гостиварка е во притвор, а бебенцето по првично пружена медицинска грижа во гостиварската болница, во стабилна состојба е однесено на анализи во Детска клиника во Скопје.
„Освен бебето, жената има уште две малолетни деца и веќе се води постапка за одземање на родителското право за сите три деца. Tие ќе бидат згрижени во згрижувачко семејство. Бебето сега е во добра состојба, му се прават само општи медицински анализи.“, изјави за Gostivarpress.mk директорот на Центарот за социјална работа во Гостивар, Дарко Миоски.
Бебето било пронајдено во куќата лоцирана на улица „Илинденска“, вчера (21 септември) околу 13 часот.
„Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, кои го пријавиле случајот, детето е пренесено во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Се расчистува и документира случајот.“, стои во полициската информација за случајот.
Мајката била осудена на затворска казна од повеќе години за кривично дело, а додека се чекала правосилноста на пресудата и бил одреден домашен притвор, дознаваме од наши извори.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила