Вести
(обновено) Стравична сообраќајна несреќа кај Мавровска раскрсница

Еден тешко и еден полесно повреден во сообраќајната несреќа кај Ново Село Гостиварско
Во сообраќајна несреќа која се случи попладнево, во близина Ново Село Гостиварско, едно лице е потешко повредено, а друго со полесни повреди е згрижено во гостиварската болница, информираат од СВР Тетово. Во незгодата на магистралниот пат Гостивар- Кичево, покрај двете возила кои се судриле, оштетено е и уште едно.
– Околу 16.30 часот на магистралниот патен правец, Гостивар-Кичево, во близина на селските гробишта дошло до судир на два автомобили марка „мерцедес“ со охридски, односно скопски регистерски ознаки. Возачот на мерцедесот со охридски ознаки Ј.А. (66) се задобил со скршеници и како итен случај е префрлен на скопски клиники, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово
Возачот на другиот мерцедес А.А. (43), турски државјанин со престој во Македонија поминал со полесни повреди и е згрижен во гостиварксата болница.
Според првичните сознанија од увидот, причина за сообрќајката, нејверојатно е преминување на друга сообраќајна лента на едно од возилата.
Увид на местото извршил надлежен јавен обвинител и увидна екипа на полицијата. Сообраќајот на релацијата Гостивар-Кичево беше во прекин двесетина минути, а по завршувањето на увидот, сообраќајот се одвива нормално.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја