Поврзи се со нас

Деца Родители

Стрес кај младите – како да се препознае и надмине

Објавено

на

 Возрасните често велат дека младоста е најубав и најбезгрижен период од животот. Кога тоа ќе го слушнеш сигурно косата ти се крева и си велиш дека тие ништо не разбираат. Особено колку често и самиот си под стрес и притисок. Да бидеме искрени: колку младоста во себе да носи волшебство (за кое што стануваме свесни откако ќе помине) сепак во себе носи и многу тешкотии и предизвици со кој што треба да се соочиме.

Многу промени во себе и околу себе бараат да се прилагодиш и да се снајдеш во нив,а сето тоа предизвикува стрес. Чувството на стрес се јавува кога чувствуваме дека барањата со кој што се соочуваме ги надминуваат нашите капацитети на соочување. Тогаш телото реагира така што ја покренува додатната сила и ресурси како би можеле успешно да се справиме со стресната ситуација. Доколку стресната ситуација трае долго или се повторува често во тој случај организмот се исцрпува и се чувствува незадоволно, уморно и преоптеретено.

Дали одедена ситуација ќе ја доживееме како стресна или не зависи од две проценки: „Колку оваа ситуација ме загорозува?“ и „Можам ли да се справам со оваа ситуација?“. А покрај тоа важно е што навистина преземаме во стресна ситуација. 

Кои се стресни ситуации кај младите? 

Неприфаќање од страна на врсниците – на младите им е многу важно како ги доживуваат врсниците, доколку се чувствуваат како аутсајдери и неприфатени од групата на врсниците тоа им е извор на фрустрација и незадоволство.

Голем број на значајни промени на коишто треба да се привикнеме како што се започнување на средно училиште и на факултет, при преземање на поголеми одговорности и одлуки коишто треба да се донесат.

Школскиот неуспех – кој што е често е извор на додатни проблематски ситуации- конфликт со родителите

Неизвесност за иднината

Прекинување на љубовна врска и пријателства

Претерани очекувања од родителите – поврзано со успех и постигнувања 

Како да се справиме со стресот? 

За да се справиме со стресот првин треба да препознаеме дека сме оптоварени.

Можеби секогаш си нервозен, бесот го истураш врз другите, или си плачлив или со променливо расположение……Би сакал сите проблеми да ги преспиеш, те боли стомакот, навечер не можеш да заспиеш (низ глава ти се вртат разни   проблеми)…..или мечтаеш, немаш воља за ништо, гледаш серии и едноставно не можеш да работиш нешто……Нема да стигнеш ниту да јадеш, луташ од една на друга обврска. Од проблемот бегаш со тоа што долго време си на интернет. Се повлекуваш и се затвараш пред другите и не кажуваш што те мачи,или си агресивен. Секогаш те мачи главоболка,болка во стомакот, а нема реален проблем.

Причина за сето ова може да биде чувство на напнатост и стрес. 

Тајна на добро справување со стресот 

Да се зајакнеш себеси и да имаш повеќе сила да се справиш со стресната ситуација.

Јади и спиј доволно и здраво. Редовно вежбај или занимавај се со некое хоби. Одмарај се, поминувај одредено време на чист воздух во природа, прави одредени активности во коишто се чувствуваш опуштен, се смееш. Стој понастрана од проблемот. Корисно е негативната енергија да ја исфрлиш низ спорт, брзо пешачење…нешто што сакаш да работиш и низ што можеш да го исфрлиш вишокот на енергија. Секој има свој начин на исполнување и важно е да го пронајде.

Смири се – и доколку мислите ти лутаат „100 на саат“ пробај да се смириш со одредена активност пред нешто да преземеш. 

Постави реални цели 

Ако имаш неколку активности коишто те привлекуваат треба да се одлучиш која цел ти е поважна. Да пораснеш значи и да направиш избор, а тоа значи добро да се грижиш за себе, да знаеш да ги слушнеш своите желби и потреби. 

Планирање и организирање на своето време

Во ништо не треба да се претерува – треба да се запрашаш како и на што ти оди времето. Треба да го ограничиш времето коешто ќе го поминеш на интернет или гледање на телевизија. Планирај го своето време – најди време за обврските, за себе,з а дружење. Можеби нема се да постигнеш во текот на денот. но се ќе можеш да завршиш во текот на неделата. 

Совесно и одговорно совладај ги своите обврски 

Доколку работите ги оставаш за покасно, во тој случај тие ќе се насоберат и не ќе можеш да ги решиш. Доколку си склон да ги одложуваш работите во тој момент речи: во ред сега ќе ја завршам оваа работа , така за покасно ќе ми остане помалку работа. 

Појасно да се согледаат тешкотиите 

За полесно да се справиш со проблемот најпрвин треба да се види јасно проблемот. Тоа значи ниту да се смали неговото значење или да му се даде некое поголемо значење. Наброј што најмногу те мачи. Напиши го тоа на лист хартија. Додека мислиме на проблемот тој ни се чини дека е многу голем, но кога ќе го напишеме на лист хартија можеме реално да го видиме неговото значење а и поуспешно да се справиме со него.

Размисли што би можело да ти помогне да го решиш проблемот? Што во моментот ти е најважно? Што најмногу те мачи? Кои чекори би можел да ги преземеш за да го решиш проблемот? Кои информации и вештини би ти помогнале? Како до сега си го решавал проблемот? А можеби и ќе се изненадиш кога ќе откриеш дека проблемот и не е така голем и страшен. 

Промени го начинот на гледање на работите 

Запрашај се што е овде најлошо? Од што најмногу се плашиш? Пробај да размислиш како на овој проблем би гледал после неколку месеци или години?Дали ќе изгледа толку страшен? Што можеш да научиш од оваа ситуација? Доколку си премногу заморен и вознемирен да размислуваш за проблемот тргни се понастрана од него, слушај ја омилената музика, оди на прошетка.

Охрабри се – сети се на искуствата коишто ги имаш од минатото, како успешно си ги решавал проблемите. Кои се твоите сили коишто во тоа може да ти помогнат. Оптимизам? Брзо учење? Смиреност во стресна ситуација? Креативност? Спремност да го слушнеш советот и искуството на другите луѓе од коишто ќе добиеш и идеја како да се справиш со проблемот? 

 Побарај поддршка 

Разговарај со пријателите, родителите, блиски роднини коишто имаат разбирање. Понекогаш е доволно некој со разбирање да не ислуша за да изнајдеме начин како да се справиме со конкретна ситуација.

Многу е важно да имаме поддршка во моменти кога ни е најтешко. Но, мора да знаеме и да препознаеме кои луѓе околу нас се спремни да не поддржат и разберат во моментот. Важно е да не се откажеш и јасно да ставиш до знаење колку ти е тешко. 

Учи од искуство 

Тоа може да ти помогне да спречиш настанување на некој нов проблем. Биди искрен пред себе. Можеби се доведуваш во стресна ситуација со тоа што ги одлагаш работите или го трошиш времето на нешто што не е толку

важно. Донеси одлука дека ќе преземеш чекор да ги спречиш таквите работи во иднина. 

Помогни им на другите 

Иако звучи чудно ова е добар начин пореално да го согледаш својот проблем. Кога сме фокусирани на своите проблеми може да ни се причини како да е пропаст на светот. Но кога ќе видиме какви се проблеми имаат луѓето околу нас во тој случај ќе можеме реално да гледаме на својот проблем. 

Решавај го проблемот 

Не си беспомошен. Доколку сметаш дека професорот те има на на пик, тоа не е изговор ништо да не учиш. Подобро е да размислиш како ќе оставиш подобар впечаток. 

Треба да оцениш што треба да направиш и преземи конкретни чекори – да мечтаеш може да биде и корисно, но важно е и да преземеш конкретни чекори.

Добро да се грижиш за себе значи и да побараш помош во моменти кога ти е најтешко и најпотребно.

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа – Гостивар

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена