Поврзи се со нас

Македонија

Струјата ќе поскапи 13% ако РКЕ ги прифати барањата од компаниите

Објавено

на

До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се пристигнати сите барања за цената на струјата и доколку бидат прифатели тоа би значело нејзино зголемување за 13 проценти, изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. РКЕ во наредниот период ќе ги анализира  барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција има побарано зголемување на цената за дистрибуција од 32 проценти, МЕМО, операторот на пазарот  на електрична енергија, од 83,3 проценти, а МЕПСО како оператор на преносниот систем од 53,51 процент.

Процентот што го бара МЕМО, според него, навидум е голема бројка, но влијанието на цената е под 0,5 проценти. Вкупното влијание на цената на МЕПСО, пак, е нешто под пет проценти.

-Доколку ги прифатиме сите овие барања тогаш би значело зголемување на цената на електрична енергија од 12,75 проценти, односно од 13 проценти, изјави Бислимовски.

Барање нема доставено само ЕВН Хоум поради тоа што не знае која ќе биде цената по која ќе ја набави од ЕСМ, повластените производители и ако има потреба од слободниот пазар.

РКЕ ќе информира во наредните денови на што се темелат барањата за зголемување на цената, а како што вели Бислимовски, најверојатно е заради зголемени трошоци во работењето.

-Ќе видиме дали е тоа прифатливо за нас или не. И претходно кажав не сум баш приврзаник за промени на цената на електричната енергија сега, рече Бислимовски.

Прашан за влијанието на враќањето на стапката на ДДВ од 18 проценти во цената на струјата, повтори дека РКЕ носи одлуки без ДДВ и оти ќе се задржи на делот што го регулираат.

„Ако го пресметате ДДВ не е 8 проценти зголемување на цената, математички е некаде околу 7,3, односно  7,4 проценти како зголемување на цена што би влијаела“, посочи претседателот на РКЕ.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 11 часа

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 12 часа

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Македонијапред 14 часа

Ангелов: На територијата на НП „Маврово“ има 160 до 180 мечки, а според одредени норми треба да се 70

Гостиварпред 16 часа

Жени претприемачки од Гостивар се едуцираа за креирање бизнис идеи и иновации

Гостиварпред 17 часа

48 годишник задржан во ПС Гостивар поради напад врз партнерката

Македонијапред 17 часа

Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми

Гостиварпред 19 часа

Жител на Врапчиште пријавил соселанец за напад со остар предмет

Гостиварпред 20 часа

Во Општина Гостивар 69 нови вработувања во 2024-та година, Советот го усвои планот

Спортпред 21 час

Заврши Светското шаховско првенство во Струга, петто место за „Македонија Алкалоид“

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена