Поврзи се со нас

Спорт

Студената „Младост“ станува жешка: КК Гостивар денеска го пречекува Пелистер

Објавено

на

Уште три натпревари преостануваат до крајот на Суперлигата, во која екипата на КК Гостивар брка пласман помеѓу најдобрите четири, кои ќе продолжат во финалниот Плеј-оф.

Денеска од 18 часот, го пречекуваат битолски Пелистер кој после 8 месеци му го препушти првото место на МЗТ Скопје. Битолчани се веќе пласирани во завршницата, но не е тајна дека го посакуваат лидерското место на табелата кое носи одредени предности во разигуравњето. Во досегашниот дел избраниците на Марјан Илиевски имаат скор од 24 победи и 5 порази.

За КК Гостивар и гостиварци, традиционално студената Спортска сала Младост, сега станува се пожешка. Во следните две кола гостуваат Пелистер и МЗТ Скопје, а на „бело-сините“ потребна им е една победа за пласман, и да го избегнат одлучувачкиот двобој во последното коло со ТФТ Скопје на гости. Младиот тренер Никола Димитриевски дебитираше со победа токму против Пелистер во Битола, нанесувајќи им го првиот пораз на домашен терен сезонава. Гостивар во последните пет кола има само еден пораз и 4 победи.

Статистикава вели, КК Гостивар го нема совладано Пелистер од 2018 година на домашен терен. Во последните десет натпревари традицијата е благо наклонета кон „бело-сините“ со 6 победи, наспроти 4 на „зелените“.

Натпреварот започнува од 18 часот, на интернет може да го следите ТУКА.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена