Гостивар
Студено и дождливо време во гостиварско, во Пожаране и Маврово снег

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во гостиварско Пожаране до утрово е формирана снежна покривка од 10-тина сантиметри. Снежни врнежи има и во Маврово. Прогнозите за денес се дека продолжува облачно и студено време со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег.
Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени, извести УХМР.
Автомото сојузот на Македонија информираше дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград