Гостивар
Студенти по право на гости во Апелациониот суд Гостивар
Студенти по правни науки денеска беа гости на Апелациониот суд во Гостивар и имаа можност одблиску да се запознаат со работата и функционирањето на оваа институција. Посетата на младите правници во Апелација се организираше во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на граѓанската правда, 25 октомври. Претседателот на судот Беким Мехмеди ги информираше за формирањето на судот, организацијата и надлежностите, и одговараше на нивните прашања.
„По повод Европскиот ден на граѓанска правда вообичаено организираме Отворен ден. Тоа е со цел да се даде можност на јавноста да ги увиди начинот, принципот на работа и општите состојби во смисла кои се капацитетите, техничките услови, човечките ресурси и слично.“, рече Мехмеди.
Апелациониот суд во Гостивар е надлежен да постапува по жалби на донесени одлуки од првостепените судови во Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево. Она што низ годините се провлекува како еден од главните проблеми на Апелација е недостаток на судии. Според систематизацијата предвидени се вкупно 16 судии, заедно со претседателот, но актуелно Апелација има 11.
„Во нашиот суд има недостаток на судии, систематизацијата предвидува 16, а ние моментално функционираме со 11. Со тоа што сме минус пет судии, малку е отежната функционалноста, што се рефлектира во однос на ажурноста. Сепак, со крајни напори може да се пофалиме со начинот на кој функционираме, иако оваа година е малку пооптоварена, причината е пандемијата. Ако претходната година имаше стагнирање во однос на обем и квантитет на работа, сега сме понапрегнати и бројките и динамиката се позбиени“, рече претседателот.
Освен во Апелација, Европскиот ден на граѓанската правда се одбележа и во Основниот суд Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар