Поврзи се со нас

Македонија

Студентите и средношколците најавуваат протести, МОН вели дека не се потребни

Објавено

на

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите ОДАС најави  предупредувачки протест во петок пред Министерството за образование и наука. Од организацијата наведоа дека целта е да се слушнат средношколците, да се истакне значењето на нивните ставови околу државната матура и да се забрза носењето на соодветно решение. „МОН издаде соопштение дека материјалот за матурата е веќе скратен и истовремено времето за подготовка за матурата ни е кратко, бараме од Министерството да објави кој материјал ни е скратен, за да можеме навреме да се подготвиме. Петочкиот предупредувачки протест останува, се додека официјално не е објавено кој материјал е скратен. Дополнително, бараме средба со Министерот за образование за да ги претставиме овие ставови.“, стои во нивното соопштение. ОДАС ги повика и студентите да се придружат на протестот.

И од младинското движење Студентски отпор најавија протести и блокади во главниот град. „МОН преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права. Постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк. Според законот МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за јануари. Студентите кои се прв пат прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец ноември, а сега завлегуваме во месец март. Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата – слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк.“, нагласија од движењето.

Од друга страна МОН денес излезе со став дека иницијативи за протести не се потребни, и соопшти дека биле исплатени сите обврски кон студентите и средношколците. „Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите. Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија 7 месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени 6 месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март. Исто така извршена е и тековната исплата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци. Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите предвидени заклучно со тековниот месец.“, се вели во соопштението од Министерството.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена