Македонија
Студентите од октомври ќе добиваат по 2.400 денари месечно за субвенциониран оброк

Студентите од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран студентски оброк. Средствата ќе се уплаќаат директно на лична сметка, со што ќе им се даде можност освен во угостителски објекти да ги користат и во маркетите. Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки на есен, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување во Утрински брифинг.
„Ако порано имаше обврска да се трошат само кај одредени угостители кои се регистрирани во министерството, сега финансиските средства одат кај студентите, секако со препорака да се користат за набавка на храна. Можеби сега мерките се релаксирани, но не знаеме што ќе се случува во септември, октомври, ноември, декември кога студентите ќе треба да го добиваат овој додаток, а замислете рестораните се затворени и работат само продавниците. Со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и тие да може да си обезбедат оброк и од маркетите“, рече Царовска.
Министерката потенцираше дека студентите се задоволни од ова решение кое е прифатливо за нив, а државата дури и во услови на пандемија покажува грижа и дава можност за искористување на средствата кои се наменети за студентите.
Финансиската поддршка за субвенционираниот студенстки оброк на месечно ниво изнесува 2.400 денари. Проекциите за 2021/2022 година се дека ќе го користат околу 40.000 студенти, за што се обезбедени средства во буџетот на МОН.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград