Македонија
Студентско собрание: Дополнителните трошоци воведени на некои факултети да не бидат на товар на студентите

Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС-УКИМ) смета дека воведувањето на дополнителни трошоци за материјални и онлајн ресурси на некои факултети не треба да бидат на товар на студентите. Во денешното соопштение се наведува дека ќе се бара итен состанок со министерката за образование и наука Весна Јаневска, со цел во најбрз можен рок дополнителните трошоци да бидат надоместени од државниот буџет, како што е предвидено согласно Законот.
– Според член 123, став 5 од Законот за високо образование „(5) тековните трошоци – комунални трошоци, одржување, опрема и потрошен материјал за реализација на студиските програми и за работењето на високообразовната установа – на јавните високообразовни установи во целост се надоместуваат од Буџетот на Република Македонија“, посочуваат од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.
На состанокот што бил одржан по овој повод присуствувале раководството на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, студентската правобранителка и претседателите на факултетските студентски собранија на Медицинскиот, Филозофскиот, Филолошкиот, Економскиот, Правниот, Природно-математичкиот, Машинскиот, Архитектонскиот и Градежниот, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, како и замениците-студентски правобранители од Економскиот, Правниот и Градежниот факултет.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос