Македонија
Субвенции до 200.000 денари за селски туризам

Министерството за економија објави јавен повик за субвенции на селски домаќинства за туристички цели, односно за уредување или адаптација на селски куќи со угостителско-сместувачки услуги.
Финансиската поддршка во износ од 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000,00 денари, ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, реконструкција како и за уредување на просторот на селски домаќинства.
Критериуми кои треба да ги исполнат домаќинствата се: објектот да е уреден и опремен согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа, да подготвуваи послужува топли и ладни јадења, пијалаци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство, да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 лица), надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредена.
Со поддршка на селските домаќинства се обезбедува самовработување за лица во рурални средини и зголемување на автентична туристичка понуда, со можност за промоција на локалните вредности, наведуваат од Министерството.
За овој јавен повик, вкупно планирани се 5 милиони денари, а пријавувањето трае до 30 септември.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче