Поврзи се со нас

Македонија

Субвенции за женско претприемништво, занаетчии и мали компании

Објавено

на

Министерството за економија објави три јавни повици во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво за 2021 година наменети за поддршка на домашните компании. Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии, информираше министерот за економија Крешник Бектеши.

Заинтересираните компании имаат рок да аплицираат до 16-ти, односно до 30-ти април и да ја искористат финансиската поддршка од Министерството за економија.

„Со јавниот повик за субвенционирање на микро и мали претпријатија е предвидена финансиска поддршка за субвенционирање на 50% од докажаните трошоци за набавка на машини и алати и за набавка и инсталација на фотоволтаични панели – затворен систем, за производство на електрична енергија за сопствени потреби на претпријатието со моќност над 5 kW. За оваа мерка се предвидени вкупно 30,7 милиони денари од буџетот на Министерството за економија, а  финансиската поддршка по еден апликант е најмногу 400.000 денари. Доколку фирмата е управувана или основана од жена, тогаш субвенцијата се зголемува за 10%. Субвенционирани ќе бидат трошоците направени во 2020 и 2021 година“, потенцираше Бектеши.

Со јавниот повик за субвенции за поддршка на женско претприемништво како што информираше министерот предвидена е финансиска поддршка за кофинансирање на 80% на трошоците на компании кои се 50% во сопственост или управувани од жени за набавка на опрема и алати, уредување/подобрување на деловниот простор и воведување на софтверски решенија.

Со јавниот повик за субвенции за занаетчии е предвидена финансиска поддршка за покривање на 60% од трошоците на занаетчиите за набавка на опрема и алати како и уредување, односно подобрување на деловниот простор. Максималниот износ на поддршка за еден апликант изнесува 120.000 денари за трошоци направени во 2020 и 2021 година.

Од Буџетот на Министерството за економија за субвенции за поддршка на занаетчиите се предвидени вкупно 6 милиони денари. Крајниот рок за аплицирање и за овој јавен повик е 30.04.2021 година.

“Оваа година за прв пат за распределба на средствата предвидени во јавните повици од КИП програмата ќе се применува начелото за рамномерен регионален развој. Тоа значи дека средствата ќе се распределуваат според развиеноста на планските региони во државата. Според ова правило најголем дел од средствата предвидени во секој јавен повик  ќе се поделат во најмалку развиените региони, а најмал дел од средствата ќе бидат во најмногу развиените региони, кажа Бектеши.
Според него, согласно Класификацијата на планските региони според степенот на развиеност во периодот од 2018 до 2023 за Североисточниот регион кој е најмалку развиен ќе бидат распределени 17,3% од финансиската поддршка. За Вардарскиот регион 14,7%, за Југозападен 13,3%, за Полошки регион 13,2%, за Пелагониски регион 11,9%, за Источниот 11,3% од финансиската поддршка, додека за Југоисточниот 11,1% и за Скопскиот кој е најразвиен ќе бидат распределени 7,2% од финансиската поддршка  од вкупно предвидените средства од секој јавен повик посебно.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 2 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 3 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 4 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 6 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 8 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 11 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена