Гостивар
Судењето за „Ласкарци“ повторно одложено

Поради лоша здравствена состојба на вештото лице Зекирија Зекири, денешното судење за случајот „Ласкарци“ се одложи.
Ова е второ одложување на процесот, откако на изминатото рочиште, Судечкиот совет информираше дека вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде.
Како што информираше јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, судот непосредно пред рочиштето ги известил дека лошата здравствена состојба на вештото лице сѐ уште трае, со најава дека на наредното рочиште насрочено за 16 февруари ќе се подобри и вештото лице ќе дојде на суд.
Според обвинителот, концептот на испитување се темели токму на сведочењето на конкретното вешто лице кое го испрашуваше околу околностите утврдени во машинското супервештачење.
Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето.
Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, при што загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава