Гостивар
Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 7 февруари

Судењето за случајот „Ласкарци“ продолжува на 7 февруари откако денеска беше испитувано вештото лице Зекирија Зекири, дел од тимот што го изготвил машинското вештачење. На почетокот на денешната расправа, јавниот обвинител Дарко Јакимовски го испрашуваше вештото лице Зекирија Зекири во врска со околностите утврдени во машинското супервештачење. Распитот продолжи со прашања околу податоците од техничките прегледи на автобусот како и тафографската лента.
Преку испитувањето, обвинителот посочи на континуитетот на техничката неисправност на возилото при што вештаците рекоа дека овие прашања не биле наведени во наредбата од судот и не биле предмет на изготвување на супервештачењето.
На прашањето „Не видовте во списокот никаков доказ кој што требал да им биде на располагање на возачите од кој што можат да видат дека возилото било технички исправно“, вештото лице Зекирија Зекири одговори не.
Во однос на прашањето кој од вештите лица ја анализирал тафографската лента и дали воопшто се спомнува во вештиот наод, вештакот Зекири одговори „не се сеќавам“.
Околу релевантноста на доказите, вештакот одговори дека сѐ што сметале дека е меродавно и го сметаат за добра анализа е ставено во наодот.
Потоа следуваше дискусија околу системот за кочење и начинот на кој овој тим донел заклучок дека нема докази дека е активиран системот за кочење на што вештите лица посочија дека за тоа подетално ќе објасни сообраќајниот тим.
Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава