Гостивар
Судир на три комбиња близу Стража, повредено едно лице

Денеска (2 февруари) околу 8 часот и 30 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу два километри до Стража, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три товарни моторни возила (комбиња):„ивеко“ со прилепски регистарски ознаки управувано од 46-годишниот Р.Б. од Прилеп, „фиат“ со скопски ознаки што го управувал 39-годишниот скопјанец Ц.М. и „пежо“, исто така, со скопски регистарски ознаки управувано од 38-годишниот скопјанец И.А.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на „пежото“ И.А., кој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Поради сообраќајната несреќа од 9 до 10 часот беше во прекин сообраќајот во двете насоки.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава