Поврзи се со нас

Гостивар

Судската администрација во Гостивар протестира: Револтот е голем, платите мизерни, додатоците не се исплаќаат

Објавено

на

Вработените во судската администрација во Основниот и Апелациониот суд во Гостивар излегоа на едночасовен предупредувачки протест преку кој бараат покачување на платите и додатокот на плата. Судската служба протестираше од 10 до 11 часот пред зградата во која се сместени судовите. Администрацијата во судовите вчера протестираше во цела држава, а во Гостивар ова беше втор ден протест по ред.

„Револтот е голем, платите ни се горе-долу на минималец, додатоците на плата не ни се исплаќаат секој месец, работите се ставаат „под тепих“ , нема трајно решение. На пример овој месец револтот е многу голем, кога доаѓа краен рок за исплата на плата министерот во последен момент не ги одобрува доадтоците, плата уште намаме земено, ќе пробиеме и законски рок. Бараме 35 % додаток на плата, зголемување на плата и нагласуваме дека не се сложуваме со ова што се договорија синдикатите со Влада, за 10 % зголемување на плата и 10 илјади денари регрес, ние не ги овластивме за такви проценти и такви износи да се договараат.“, рече Игор Симески како претставник на судската администрација.

Вработените кои протестираат подвлекоа дека не се против зголемувањето на платите на судиите, туку бараат нивните месечни примања да стигнат некое задоволително ниво.

„Да не бидеме погрешно сфатени од страна на нашите колеги функционери, немаме ништо против нивното зголемување, заслужуваат плата, затоа што решаат судбини на луѓе. Меѓутоа нашите плати се мизерни, таков износ за денешно време е навистина неподносливо, не стасува за основни трошоци“, рекоа тие.

Доколку не бидат земени предвид нивните барања, од 1-ви септември најавен е генерален штрајк.

Во административните служби на Основниот и Апелациониот суд во Гостивар има околу 140 вработени.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена