Здравје и убавина
Сурутка – Течна енергија која ќе ви го исчисти целиот организам
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/06/surutka1.jpg)
Главоболки, постојан замор, несоници, надуен стомак, нервозни црева. Ова се знаци дека на вашиот организам му е неопходно чистење. Повеќето луѓе практикуваат тоа да го направат преку диети со овошје и зеленчук. Но, во последно време популарна е петдневна диета која како база ја има сурутката.
Сурутката е нус-производ од изработка на сирење, односно тоа е течноста која останува по коагулација на млекото. Изобилува со калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, витамини, амино киселини, протеини… Се користи за намалување на холестеролот, за подигнување на имунитетот, за регенерирање на црниот дроб, против остеопороза.
Детоксификација со сурутка која трае пет дена
Секое утро на гладно се пие 300 до 500 мл. сурутка. После еден час следува појадок кој може да вклучи нешто од следните продукти: мандарини, јаболко, житарици, ќефир, интегрален леб, смокви, круши, зобена каша, тофу сирење, грст бадеми.
За ручек се прави избор од следните продукти: вариво од зелечнук, риба, јајца, грав, спанаќ, варено пилешко или мисиркино месо, обарен карфиол и брокула.
Вечерата главно треба да биде салата: зелка, краставици, патлиџан, морков, праз, целер. Со неа може да се јаде едно до две парчиња интегрален леб.
Важно е дека оваа диета не треба да се држи повеќе од пет дена. Толку е сосема доволно за да го освежите организмот и да ги исфрлите отровите од телото. Враќањето на вообичаената исхрана треба да биде постепено, односно да не се конзумира одеднаш масна и висококалорична храна, алкохол, слатки.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди