Поврзи се со нас

Рецепти

Еден поинаков десерт, микс на омилените сутлијаш и пудинг

Објавено

на

Сутлијашот е типичен десерт за Балканот и Турција, кој често се подготвува и ги краси трпезите.

Потеклото на терминот сутлијаш води од турскиот збор ”süt” што во превод значи млеко. Сутлијашот е јадење кое се консумира со векови, а со тек на времето добива и поинакви верзии на подготовка.

Во западна и северна Европа во сутлијашот се додаваат состојки како цимет или печени бадеми, а во скандинавските земји сутлијашот се служи само за новогодишните празници. Интересна варијанта се подготвува во Данска и се нарекува ”Risalamande”, а во неа се додава сладок крем.

Во многу земји сутлијашот се произведува индустриски, а на пазарот е достапен и инстант сутлијаш, во кој е потребна само да се додаде врело млеко и малку да се промеша.

Доколку сте љубители на сутлијаш, еве како да го подготвите со еден од наједноставните рецепти.

Состојки:

1l млеко

200 g ориз

100 g шеќер

1 ванилин шеќер

Подготовка:

Исчистете го оризот, ставете го во вода која врие и кувајте го 15 минути.

Откако ќе се свари оризот, додадете го во врело, зовриено млеко во кое сте го ставиле ванилиниот и обичниот шеќер.

Врелиот сутлијаш ставете го во претходно навлажнети помали чинии, оставете го да се разлади. Одозгора украсете го со цимет, какао, или рендана чоколада.

За оние пак што сакаат да вкусат поинаков шмек, еве рецепт за сутлијаш со пудинг.

Состојки:

4 чаши млеко

3 чаши вода

1 чаша ориз

5 лажици шеќер

1 ќесичка пудинг од ванила

цимет во прав, по желба

Подготовка:

Во тенџере на оган, на средна температура ставете ги млекото, водата, шеќерот и оризот да се варат. Варете за време од 25 минути или додека оризот омекне, со повремено мешање.

Прашокот за пудинг ставете го во чинија и додадете 50 мл вода. Разматете го добро пудингот со водата за да се добие хомогена смеса.

Откако оризот ќе се свари, во тенџерето додајте го пудингот и варете 2 до 3 минути, додека смесата се згуснe.

Пoдготвениот сутлијаш со пудинг ставете го во влажни стаклени чинии и оставете го да се излади. Пред служење, врз сутлијашот наросете цимет во прав.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена