Вести
Св.Трифун традиционално прославен во Зубовце
Во гостиварско Зубовце, со осветување и закројување на лозовите гранки беше одбележан 14-ти февруари, Св.Трифун. Празникот традиционално, секоја година ги собира зубовчани како и голем број граѓани од Гостивар и од другите села на голема прослава. Закројувањето на лозата го извршија претставници од гостиварското архиерејско намесништво, во месноста викана „Мал камен“, покрај издигнатиот шестметарски крст.
Оваа пролет во Зубовце, после доста долго време, се очекува да бидат обновени винови насади и повторно да заживее некогашното познато виноградинарство.
Одбележувањето на Св.Трифун продолжи со заедничка трпеза богата со јадења карактеристични и познати за зубовскиот крај, домашно вино и ракија. Ваквиот начин на славење на денешниот празник во селото Зубовце се прави со цел да не се заборават традициите и да им се пренесат на младите генерации како аманет.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар