Македонија
Свадби надвор под протоколи наскоро, ако ковид бројките продолжат да опаѓаат – вели Филипче

Капацитетот на исполнетост во болниците ширум државата е меѓу 20-30%, што е значително намалување на притисокот врз болниците. Голем број на ковид центрите се затворени, до крајот на неделата и одделенијата во зградата на интерните клиники се очекува да бидат вратени во нормала, информираше на денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче.
На новинарско прашање околу барањата на угостителите за организирање веселби и проширување на капацитетите на работа, министерот одговори:
„Многу е веројатно тоа да се случи, ако продолжат овие трендови односно, ако бројките и понатаму се намалуваат, како што се намалуваа досега. Во делот на барањата на угостителските објекти можно е да се дозволат свадбите после долг период, со протоколи во однос на потполнетост на капацитет само во надворешни услови, не и внатре и евентуално да се зголеми бројот на посетители по маса“.
Донесените мерки, во однос на полицискиот час, носењето маски и слично остануваат да важат до 1 јуни, а продолжува и препораката за карантин од 14 дена за сите патници кои доаѓаат од Африка, Индија, Јужна Америка.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград