Гостивар
Свечена академија за Денот на ослободувањето на Гостивар – Почит кон борците и љубов за градот!

Во предвечерието на Денот на ослободувањето на Гостивар, во Центарот за култура АСНОМ се организираше Свечена академија со културно-уметничка програма, како централен настан за одбележување на празникот на градот.
На свеченоста присуствуваа личности од јавниот живот, Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, пратеници, советници, претставници од општината, училиштата и други институции.
Свои обраќања имаа претседателот на боречката организација Радислав Ѓиноски и секретарот на Општина Гостивар, Зоран Крајоски.
„Ние во слободата која ни ја оставиле славните предци треба да работиме најдобро што умееме за генерациите кои доаѓаат. Треба сестрано да го поддржуваме негувањето на традиците од НОВ и антифашизмот и да апелираме на политичката јавност и општеството следејќи ја линијата на прогрес, секогаш да се поддржуваат силите коишто ги негуваат вистинските вредности на слободата. Само во антифашистички дух Гостивар и Република Македонија можат да опстанат и да опстојат доследни на себе како мултинационална и мултиконфесионална средина, со отворени погледи, толерантна и полна со почит, кон националните, културните и реглигиските богатства и разлики“, наведе Крајоски.
Ѓиноски во говорот потсети на историски моменти од народно-ослободителната војна, учеството на бестрашните борци и положените човечки животи за слобода, нагласувајќи:
„Тоа што е светлината за очите, воздухот за белите дробови, љубовта за срцето, тоа е слободата за душата на човекот, пишува еден од најпознатите адвокати на минатиот век. Навистина, слободниот човек може да има илјада желби, а поробениот само една – да биде повторно слободен. Највозвишеното, најдрагоценото чувство до кое се издига секоја човекова вредност и ја претставува во целина и смислата на човечкиот живот, е неговата слобода. Таа е темел на човековото достоинство“.
Во духот на оддавање почит на слободарските традиции и родољубовоста, средношколки од гостиварската гимназија изведоа рецитации на стихови од познати македонски поети посветени на татковината, непокорот, слободата…
На свеченоста беа прогласени и најдобрите литературни творби од конкурсот што Сојузот на борци Гостивар го распиша по повод 18 Ноември, а ги избра жири-комисија составена од професори по македонски јазик: Габриела Петроска, Нофитоска Анѓелина и Марина Трпеска.
„Да бидам искрена, мене и на другите членови од жирито, колку и да ни беше тешка обврската за избор на најдобра литературна творба, уште повеќе ни беше уживање додека ги читавме пристигнатите текстови на младите творци. Лично јас почувствував спокој на срцево бидејќи воочив дека град Гостивар не треба да стравува за својата иднина затоа што има млади луѓе кои не се срамат да се поклонат пред минатото и знаат да ги почитуваат жртвите, а сепак имаат визија за иднината. Искрено, сите пристигнати творби заслужуваа награда, за трудот, за пренесените емоции, за љубовта кон родниот град. Сепак, бидејќи некој мора да го понесе епитетот најдобар, жирито се водеше според структурата на текстот, лексиката, правописот.“, истакна Петроска, како претседател на жири-комисијата.
Во категоријата на ученици од основни училишта третото место му припадна на Матеј Илиоски од ООУ „Единство“, второто на Тереза Спасеска од ООУ „Единство“, а првото го понесе Јана Нофитоска од ООУ „Гоце Делчев“, под менторство на професорката Благица Петреска.
Во категоријата на ученици од средните училишта, третото место ѝ припадна на Дајана Попоска од медицина, второто на Ана Бошкоска од гимназијата, а првото на Ангела Геческа од економското училиште.
Првонаградените на конкурсот ги прочитаа своите литературни творби пред присутните.
Музичкиот дел од културно-уметничката програма на свеченоста го исполнија Фаворити бенд, ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ и Мирослав Крстески.
На свеченоста по повод 18 Ноември и‘ претходеше изложба на фотографии од Гостивар и од историски моменти, поставена во холот на Центарот за култура.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар