Гостивар
Свечено отворање на новиот простор на библиотеката во Гостивар
Отсега книгите од градската библиотека во Гостивар ќе бидат подостапни и поблиски до читателите. Денес свечено беше пуштен во употреба новиот простор на библиотеката, веднаш на влезот во објектот на Центарот за култура АСНОМ, во чиј склоп и функционира.
Просторот е целосно реновиран и опремен со полици и друг неопходен инвентар. Како што вели директорката на Центарот за култура, Фарије Адили, дислокацијата се направи со цел подобри услови и поголема достапност за читателите.
„Во оваа прилика би сакала да се заблагодарам на целиот персонал, кој посветено работеше на овој проект, како и на општина Гостивар и градоначалникот за дадената поддршка и финансиска помош да се реализираат одредени зафати“, рече Адили.
На отворањето присуствуваше и в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани.
„Директорката со нејзиниот тим направиле одлична работа. Општина Гостивар им излезе во пресрет за некои барања, тоа е скромна помош, но мислам дека многу важна. И во иднина Општина Гостивар ќе излегува во пресрет со сѐ со што располага. Се надевам дека овие нови простории ќе придонесат да порасне бројот на читатели и се надевам дека ќе влијае кај помладите генерации да се развие култура на читање.“ рече Лимани.
Библиотеката до сега беше сместена во простории на кат во Центарот за култура.
Инаку, гостиварската библиотека има фонд од над 75.000 книги и функционира поделена е во два оддела: за возрасни и за деца. Најчести посетители и најверни читатели се учениците и пензионерите.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба