Гостивар
Свечено отворен изборниот штаб на ДУИ во Гостивар
Демократската унија за интеграција во Гостивар, вчеравечер официјално ги започна предизборните активности со свечено отворање на Изборниот штаб.
„Сите партии ги насочуваат своите партиски програми со цел да се натпреваруваат со ДУИ, и тоа е феномен што нè прави горди, затоа што ја потврдува политичката сила, силата на најмоќната албанска политичка партија во земјата, која знае како да се соочи со сите предизвици“, рече претседателот на штабот Неџати Јакупи.
Пред присутните зборуваше и претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, Башким Хасани.
„Порачуваме дека и на овие избори, како и на сите други претходно, ДУИ прави коалиција со граѓаните, кои со довербата која ни ја даваат низ годините, ни даваат и моќ да отвораме многу врати. Ги отворивме вратите на многу нови училишни згради, универзитети, спортски сали, врати на клиники за албанските лекари, врати на институции за албанските административци. Без ДУИ овие врати ќе останеа заклучени“, нагласи Хасани.
На отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Гостивар, се обрати и потпретседателот на партијата Невзат Бејта и потпретседателката на Форумот на жени, Вјолца Адеми.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар