Поврзи се со нас

Бизнис

Свечено прославени два јубилеја – МОНТЕНЕГРО најавува нова инвестиција

Објавено

на

Компанијата Монтенегро годинава одбележува два значајни јубилеја, 55 години од основањето и  30 години од отворањето на првиот маркет, со што бизнисот е префрлен во Македонија. По тој повод, вчеравечер беше организирана свечена прослава за сите вработени и доделување на награди и пофалници на вработените со најдолг стаж во компанијата.

– „Имаме одличен тим на вработени кои ни даваат огромен мотив. На нашот тим, од пред неколку години му се приклучи и третата генерација на семејството Пејчиноски. Сите заедно, на нашите над 270 вработени, на кои сме посебно горди, во оваа прилика им се заблагодаруваме и им посакуваме уште долго години работа во Монтенегро. Посебно сме горди, а што сакам да го истакнам е мултинационалниот состав на вработени во Монтенегро. Исто така сакам да им се заблагодариме и на нашите верни купувачи кои во изминативе 30 години несебично не подржуваа и мотивираа да се движиме само напред“, изјави Љупче Пејчиноски, еден од сопствениците на компанијата.

– „Почетокот на Монтенегро датира од далечната 1963 година кога Војне Пејчиноски ја основа во Никшиќ, Република Црна Гора. Државата каде што е основана компанијата, е причината за регистрирање на брендот Монтенегро во Македонија на 18 мај 1988. „Идејата да отвориме маркет во Гостивар ни дојде токму од Никшиќ. Пред нова година (1987) во непосредна близина до нашата фирма се отвори првиот маркет во Р. Црна Гора. Тоа беше доволно да добиеме идеја и ние да го отвориме првиот приватен маркет во Гостивар. Во тој период и во Македонија веќе започна да се отвараат првите приватни маркети. Денес нашиот маркет лоциран во центарот на Гостивар е најстариот жив маркет во Македонија. Сите предходно отворени маркети не ја преживееја транзицијата, не се снајдоја со конкуренцијата и огромниот наплив на отварање маркети“, раскажува Јоше Пејчиновски.

Ширењето на бизнисот продолжува во 1994 година со отворање на првиот салон за мебел, а подоцна и вториот во Скопје. Потоа 1998 година фирмата започнува со дистрибуција на прехрамбени производи низ цела територија на Македонија и станува преставник на многу реномирани европски компании. Во 2007 година Монтенегро влегува и во млекарскиот бизнис и станува сопственик на млекара Маестро во Србија, а со тоа и една од ретките мултинационални македонски компании кои инвестираа надвор од границите на нашата земја. Следува отворање на уште три маркети и еден Хоум центар.

Монтенегро не застанува тука. Сопствениците најавуваат нова инвестиција.

– „Ја користам оваа прилика да ја известам гостиварската јавност дека Монтенегро започнува нов проект, во кој бенефит ке видат над 300 нововработени и уште неколку стотици индиректно поврзани лица. Нашата цел покрај другото е, да им дадеме шанса не само на младите, туку и на оние од кои сите ги креваат рацете, а тоа се луѓе кои не по нивна вина останаа без работа и егзистенција“, вели Јоше Пејчиновски и порачува:

„Сакам да им порачам на сите оние кои мислат дека среќата можат да ја најдат само со работа надвор од Гостивар и Македонија е погрешно. На сите оние кои се чувствуваат способни и талентирани за одредена дејност, а немаат финансиски срества им препорачувам да се обратат до институциите за да се информираат за можностите кои им ги пружа државата. Со целосна посветеност кон работата што ја сакате ви гарантирам дека ќе успеете.“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 21 час

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена