Поврзи се со нас

Гостивар

Свеченост на првиот училишен ден во ОУ „Единство“ Гостивар, меѓу гостите Шаќири и Таравари

Објавено

на

Основното училиште „Единство“ во Гостивар на стартот на новата учебна година  организираше свеченост исполнета со забава, музика, дружење со маскоти и пригодна културно-уметничка програма подготвена од ученици. Дечињата кои за прв пат седнуваат во училишните клупи имаа можност да се запознаат со учителките и со своите нови другарчиња со кои понатаму ќе поминуваат голем дел од времето.

„Среќен ден за сите деца кои се враќаат на училиште, со желба да учат и повторно да се сретнат со своите другарчиња. Вака започнува следниот предизвик за учениците и родителите. За првачињата започнува долгиот пат на знаења. Управата на училиштето на сите ученици им посакува успешна година, со високи резултати. За првачињата големо добредојде“, рече директорката на училиштето, Влера Фидани.

На настанот, меѓу гостите беа министерот за образование Јетон Шаќири и градоначалникот Арбен Таравари.

„Ова училиште е симбол како треба сите заедно да живееме, сите ние кои сме од различни заедници во оваа земја, односот меѓу нас да биде добар, и таквите пораки да ги испратиме кај децата, учениците. Им честитам на сите првачиња и на сите основци, им посакувам што побрзо да го остварат својот сон, истовремено и на сите наставници кои ќе им помагаат во тоа. Би сакал да кажам дека оваа година сме поподготвени од лани. Сите учебници се доставени, освен мал дел за шесто одделение кои ќе се завршат во септември. Второ, дека платите во образованието од септември ќе бидат повисоки за 10%,“, рече министерот.

Во ОУ „Единство“ од оваа учебна година почнува да функционира и целодневен престој за ученици, нешто што доаѓа како резултат на барање на родителите кои имаат потреба.

„Како општина се обидовме минатите шест години да обезбедиме што подобри услови за децата во Гостивар и во градинките и во училиштата. Во ова училиште за прв пат ќе функционира и дневен престој. Не ми преостанува ништо друго, освен на сите ученици да им посакам многу здравје и полно среќа во оваа учебна година и во животот“, кажа градоначалникот, кој утрово беше и на приемот на првачиња во училиштето во Дебреше.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 46 минути

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 13 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 14 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 16 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 17 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 18 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 19 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 20 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена