Поврзи се со нас

Македонија

Свеченост по повод 21 година од формирањето на ЕБР

Објавено

на

Денеска во полицискиот центар ,,Ѓорче Петров “се одржа свечена церемонија на која Министерството за внатрешни работи одбележа 21 година од формирањето на Единицата за брзо распоредување.

Во своето обраќање пред присутните министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски , истакна дека ова не е само датум на кој се слави денот на формирањето на единицата туку нејзините бројни достигнувања на кои сме сите сме горди години наназад.
„Со особен пиетет пред сите вас би сакал да ја истакнам улогата, професионалноста, посветеноста, пожртвуваноста, квалитетот на знаења и вештини на припадниците на Единицата за брзо распоредување , чиишто одлики и широки оперативни перформанси се поистоветуваат и се на исто рамниште со истородните полициски формации на полициите од Европа и светот. Единицата за брзо распоредување профилирајќи се во реална високо-специјализирана полициска единица, со исти такви квалитети на секој нејзин припадник, воспоставени преку јасно подигнатите стандарди и професионални критериуми од сите аспекти – физички, ментални, образовни и технички, претставува Единица подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи, самостојно и координирано, без оглед на нивната специфичност и сложеност.“, потенцираше министерот Спасовски.
Командантот на Единицата за брзо распоредување Вице Столески потсети дека од нејзиното формира до денес, ЕБР е вклучена во извршување на многубројни сложени и ризични безбедносни задачи, кои помогнаа единицата да се зацврсти и изгради како фактор на безбедноста на граѓаните и еден од столбовите за стабилноста на државата.
„Единицата за брзо распоредување високо на лествицата на безбедносниот систем на државата, а како Единица во состав на Одделот за специјални полициски операции претставува суштествена вооружена формација на Министерството за внатрешни работи, која може секогаш и секаде да одговори на сите безбедносни предизвици. Без лажна скромност ќе ми дозволите да кажам дека навистина сме горди на постигнатото, бидејќи 21 година подоцна со полно право можеме да кажеме дека припаѓаме на Единица која е дел од историјата, која живее во сегашноста и ќе биде основа за безбедноста на граѓаните и државата во иднина.“, потенцираше командантот Столески.
Командантот Столески ги презентираше сите задачи со кои се занимава единицата, кои можат да ги извршуваат само мотивирани и добро обучени полициски службеници, а согласно со новите текови – членството на НАТО и процесот на евроинтеграција на државата се отвораат големи можности и планови за ЕБР.
Столески изрази посебна, искрена благодарност до семејствата на починатите на Единицата и потсети дека нивната храброст и жртвата која ја дадоа, никогаш нема да бидат заборавени, а на граѓаните им порача да бидат спокојни и мирни, да имаат потполна доверба во ЕБР бидејќи Единицата за брзо распоредување е секогаш тука за нив.

Официјални делегации од Владата, Министерството за внатрешни работи, семејствата на загинатите и починатите припадници на Едницата, делегација од Македонскиот полициски синдикат, од Одделот за специјални полициски операции и од самата Единица положија свежо цвеќе на Спомен плочата на загинатите припадници на ЕБР. На свеченоста беа доделени јубилејни плакети за најуспешните припадници на Единицата, за оние кои одбележуваат 5, 10, 15 и 20 години работа во нејзините редови, но и за пријателите и соработниците на Министерството за внатрешни работи и ЕБР. Во чест на Единицата беше емитуван и промотивен видео спот, а на крајот на свеченоста гостите ја посетија Спомен собата на ЕБР, каде се потпишаа во спомен-книгата на Единицата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 4 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 6 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 8 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 8 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 10 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 11 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 13 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 14 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена