Гостивар
Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Во слава и чест на големиот празник Денот на Републиката – Илинден, вечерва во Гостивар, во големата сала на Центарот за култура „АСНОМ“ се одржа пригодна свеченост. Програмата на празничното одбележување беше исполнета со рецитации, драматизација и музички изведби, сите посветени на македонската историја и непокор, традициите, патот на создавањето на државата, вековните идеали на македонскиот народ.
Настанот го организираше гостиварскиот Центар за култура, кој како јавна установа што го носи името АСНОМ, на денешен датум, 2-ри Август слави и патронат.
На свеченоста настапија Рената Матеска, Ива Крајоска, Ана Марија Исајлоска, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Никола Кузелов. Музичкиот дел беше резервиран за членови на оркестарот на националниот Ансамбл „Танец“: Сашко Митев, Кристијан Јаневски, Златко Димитриовски, Андреј Трајковски и Дамјан Зафироски. Пред присутните беше презентирано и видео со историски осврт на настаните врзани со Илинден.
Одбележувањето е поддржано од Министерството за култура.
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 3 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година