Гостивар
Свеченост во Гостивар по повод 1 век од раѓањето на народниот херој Панче Попоски

Гостивар со пригодна свеченост и положување цвеќе, оддаде почит на пожртвуваноста, храброста и истрајноста на народниот херој Панче Попоски, по повод 100 години од неговото раѓање. Одбележувањето се организираше на иницијатива на семејството на Панче Попоски, во соработка со Сојузот на филателисти на Македонија и со поддршка на Општина Гостивар.
Чествувањето се одржа во Центарот за култура АСНОМ, а започна со положување на цвеќе. Букети положија членови на семејството на народниот херој и делегации на Сојузот на борци, гимназијата и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
На свеченоста на ликот и делото на Панче Попоски потсети неговиот правнук, кој го носи и името на борецот великан од Гостивар.
„Бил совесен младинец посветен на љубов кон татковината, многу свесен и сигурен во тоа дека нема ништо поскапоцено од слободата. Како млад бунтовен пред сѐ храбар револуционер, искрен и чеесн партизан станал член на Сојузот на комунистичката партија на Југославија, кога всушност го затекнала и окупацијата на земјата. Во неговата куќа во родниот Гостивар се одржувале состаноците на комунистите, а во почетокот на 1942 година бил примен во членството на комунистчката партија на Југославија и истата година станал член на месниот комитет на партијата во Гостивар. Со неговата младост и храброст бил инспирација за останатите млади луѓе да се вклучат во НОБ и да заминат во партизанските одреди. Во август 1943 година, преминал во партизанските единици, а особено се истакнал во борбата за одбрана на Дебрца по што стекнал висок углед во првата македонско-косовска бригада. Бил испратен како делегат на првиот конгрес на антифашистичката младина на Македонија во село Фуштани при крајот на 1943 година, а на конгресот бил избран за член на главниот одбор на народноослободителниот младински сојуз на Македонија. Да се биде внук на народен херој, значи гордост и болка во исто време, гордост за храброста, непокорот, љубовта кон Македонија, а со тоа и љубов спрема народите кои живееле на ова парче земја. Но, и болка поради прерано згаснување на младиот живот, непроживеаните соништа и болка за можноста да ја вкусат слободата, оние кои го дале животот за неа.“, кажа меѓу другото Попоски.
По повод големиот јубилеј, на одбележувањето Сојузот на филателисти промовираше плик со ликот на Панче Попоски. Изработката на пликот е дел од проект на Сојузот, кој има за цел да се остави во наследство за следните генерации спомен на народните херои, преку соодветен филателистички материјал. Во соработка со Пошта, пликовите со народни херои се украсени со поштенски марки со слики од родното место на херојот и пригодни поштенски печати.
„До сега успеавме да направиме преку 40 пликови кои се во ограничен тираж. И денешниот плик посветен на Панче Попоски е со ограничен тираж, 24 парчиња. Ги правиме за да останат како траен спомен во институциите. Би сакале да се зачуваат трајно во општината, кај градоначалникот, во Заводот за заштита на споменици и сл. Нашата идеја овие пликови или разгледници (во некој случај правиме разгледници) да бидат траен спомен на нивното херојство.“, рече претседателот на Сојузот на филателисти, Димитар Белчев.
На настанот обраќање имаше и претседателот на општинскиот одбор на Сојузот на борци Гостивар, Радислав Ѓиноски кој меѓу другото подвлече:
„Панче беше синтеза на вековните стремежи и патила на својот народ, ерупција на гневот и енергија за пресметка со силите на мракот и ропството, Панче го роди ова поднебје, го роди гневот на генерациите против постојаната сиромаштија. И од сегашната временска дистанца низ смиреноста на емоциите и импресиите за Панче ќе останат тие атрибути“.
Културно-уметничкиот дел од програмата на одбележувањето беше исполнета со повеќе музички изведби и рецитации.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог