Гостивар
Свеченост за матурантите од медицинското училиште во Гостивар

Средното медицинско училиште во Гостивар попладнево организираше свечена промоција на генерацијата матуранти 2018-2022 година.
На настанот кој се одржа во училишниот двор присуствуваа и градоначалникот Арбен Таравари и раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче.
„Уште една генерација матуранти го заокружи своето средно образование во нашето училиште. Ви посакуваме да ја изградите вашата иднина онака како што си ја замислувате и посакувате! Ви посакуваме среќата, здравјето и успехот на секое поле да станат ваши најверни сојузници! Бидете свои и единствени бидејќи иднината им припаѓа на оние кои веруваат во себе! Голема благодарност до градоначалникот Арбен Таравари и одговорната на секторот за образование Аслиан Снопче за присуството на свеченоста за матурантите.“, порачаа од медицинското училиште.
На најдобрите ученици од генерацијата со постигнати значителни резултати им беа доделени пофалници, а свеченоста симболично се заокружи со фрлање на капите.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја