Гостивар
Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

На пригодна свеченост во дворот на средното економско училиште во Гостивар, денес беа промовирани матурантите од генерацијата 2018/2022 година. Матурантите радоста, возбудата и задоволство ги споделија со професорите, родителите, пријателите, претставници од општината и други гости, присутни на манифестацијата.
„Ми претставува осбена чест и задоволство, што денес во мое име и во името на вработените во средното економско училиште на овој посебен ден и последен за вас, драги матуранти во овие училишни клупи, да ви посакам пред се‘ среќа и успех во понатамошниот живот. Четири години поминаа многу брзо, сите денови беа различни, исполнети со убави нешта и изненадувања и предизвици, од кои сите излеговме поуспешни и поискусни. На секој од вас успеавме да пренесеме знаења, кои се надевам дека ќе одлучите понатаму да ги надоградувате на некој од факултетите во земјава, но и низ светот. Животот ќе се однесе по различни патишта , но сигурен сум дека секогаш ќе се сеќавате на средношколските денови поминати тука. Ви посакувам многу среќа во вашиот живот и исполнување на вашите желби и цели“, истакна во своето обраќање директорот на училиштето, Михајло Ѓиноски.
На свеченоста зборуваа и неколку матуранти, кои пренесоа многу емоции потсетувајќи се на моментите поминати во економското училиште, како и посветеноста и поддршката од професорите.
„Од срце им се заблагодаруваме на професорите, кои не само што ни дадоа знаење, туку и ни го покажаа патот, а сега предизвикот е наш“, нагласија матурантите.
На тројца ученици од генерацијата им беа доделени Пофалници за постигнати особени успеси, ангажирање и учества на натпревари и сл. Пофалници добија: Елеонора Сотироска, Арменд Сефери и Семир Сулејмани.
Настанот се заокружи со симболично фрлање на капите.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето