Поврзи се со нас

Гостивар

Сведоштво на гостиварецот Горан Наумовски, преживеан патник во кобната несреќа: Да учиме од грешките, да не се повторуваат!

Објавено

на

13 февруари, 2019-та година за Горан Наумовски од Гостивар ќе остане засекогаш врежан во сеќавањето, како тежок и мрачен ден. Тој е еден од патниците кои ја преживејаа трагичната несреќа со автобусот на Дурмо Турс. Присеќавајќи се на страшниот настан 46-годишниот гостиварец вели дека по првиот удар што го почувствувале, не мислел дека нешто толку лошо ќе се случи. Но, потоа уследил уште еден, па трет удар на автобусот….

„До критичното место, никој не беше свесен за потенцијалната опасност. Во првиот момент кога се слушна удирање во првата банкина, ние коишто бевме назад, не знаевме што се случи. Јас лично помислив дека сме удриле во некој автомобил на минување, и некако мислев дека се` ќе биде добро, но следуваше втор, па третиот удар во банкината од другата страна на автопатот. Потоа следуваа некои десетина секунди тишина, веројатно кога сме биле во воздух и потоа следуваше навистина страшен удар кој буквално не растресе сите. Тогаш веќе станав свесен дека се случува нешто многу лошо. Автобусот беше превртен, јас успеав да се задржам на седиштето, човекот што седеше до мене го немаше, исчезна. Немаше никој во таа праволиниска линија спрема спротивниот прозор. Се обидов да станам и да излезам од автобусот, малку погледнав назад, глетката беше хорор, нешто страшно. Автобусот падна со потешкиот дел и моторот беше влезен внатре во самиот автобус. Успеав да излезам, а поради сите повреди што ги имав здобиено паднав на земја. Покрај мене имаше многу од патниците кои беа во лоша состоја. Потоа, некое време сум бил во несвест, а кога се присвестив собрав сила и видов околу себе многу луѓе кои молат за помош.“, ни раскажа Горан.

Тој нагласи дека жителите на Ласкарци, кои несебично притрчале на помош спречиле загубите да бидат уште поголеми:

„Благодарност до сите оние кои притрчаа така брзо, жителите на Ласкарци постапија на еден човечен начин, на сите ни излегоа во пресрет. Може да гарантирам дека нивното навремено и брзо реагирање придонесе да нема уште поголем број на жртви, за што сите треба да им бидеме благодарни. Тие покажаа едно добро справување со такви ситуации каде пред се` треба да се биде човек, иако тоа и нив ги снајде како од небо паднато“.

Околу судскиот процес што се води за случајот во кој се обвинети седум лица, Наумовски вели:

„Обвинетите секако дека си имаат свое гледање на нештата, си имаат своја одбрана која по закон им следува. Според мене, тоа се некои работи коишто не можат да бидат оправдани. Нема изговор, нема нешто што тие може да го приложат во нивна корист за да ги оправда. Слушаме различни работи: дека може да се случат секакви несреќи, дека сето тоа никој не го посакува, но никој не е виновен за тоа. Можеби има такви случаи, при природни катастрофи или воени конфликти. Но, според мене во овој случај во прашање е човечкиот фактор. Се работи за затајување на човечката совест. Обвинетите можеби и ќе се извлечат со некоја помала казна, но пред се` е, според мене тоа е нивен личен срам што директно или индиректно дозволиле да се случи такво нешто. На крајот од денот, треба да застанеш во огледало и во одразот да погледнеш во човек кој директно или индиректно дозволил прерано да завршат 16 човечки животи“.

Да учиме од грешките, за да не ни се повторуваат несреќи со фатални последици, порача Горан.

„Не сакам да драматизирам, траумите остануваат, кај некого повеќе, кај некого помалку. Животот и покрај се` е убав. Но, не треба да заборавиме дека во несреќата беа загубени човечки животи, семејства останаа без своите најмили и едноставно да учиме од грешките, да не ни се случуваат истите работи во иднина.“

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена