Македонија
Свештената Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“ Кичево ги кани верниците на одбележување на главната манастирска слава

Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е главна слава на манастирот „Света Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир, Свештената Пречистанска Обител ги „кани верниците на одбележувањето на спомен на раѓањето на Богомајката, нашата застапничка пред Бога“.
- Утре, 20 септември, во 18 часот почнува празничната Вечерна богослужба, на која ќе началствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а ќе претстојат Митрополитот Повардарски г.Агатангел и секако нашиот највозљубен Старец и Епископ Антаниски – г.Партениј, стои во објавата.
Во текот на богослужбата, една искушеничка од ова сестринство ќе биде вброена кон рамноангелскиот монашки чин.
Според сестринството на денот на патронот, 21 септември, сабота, во 7 часот ќе почне утрена богослужба. Во 8:45 часот пречек на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополит г.Илија од Финска и Старецот и Епископ Антаниски г. Партениј. Во 9 часот ќе има Света архиерејска Златоустова Литургија.
- Потпирајќи се со цврста вера на онаа која е поширока од небесата и која го роди спасителот наш, ве очекуваме со голема радост заеднички да го прославиме роденденот на Мајката Божја и Мајката наша! Воедно, ќе учествуваме заеднички и во молитвите при чинот на монашкиот потстриг на нашата сестра, се додава во објавата.
Се посочува дека за сето тоа да биде целосно исполнето со најубавото источно православно пеење, ќе помогнат нашите најдраги пријатели од Света Гора: архимандритите Матеј, Антипа, Херувим, монаси, псалти и други гости.
- Ви посакуваме да го понесете со себе благословот од средбата со: чудотворната икона Богородица Крнинска, Пречистанските Светии Евнувиј, Пајсиј, Аверкиј, чесните мошти на Света Параскева и повторно да доживееме духовно и телесно исцеление и обновување, посакуваат од Свештената Пречистанска Обител.
Пред шест години, древната чудотворна икона на Пречистата Богомајка – Крнинска, го доби својот достоинствен украс – рачно изрезбан и позлатен иконостас. Ова прекрасно ремек-дело е изработено од копаничарот Слободан Димитровски од Штип, а позлатено од рацете на монасите и монахињите од Свештената бигорска обител.
Во 2017 година, Крнинската икона беше украсена и со прекрасна сребрена кошула, со позлатени елементи, бисери и драгоцени камења, според праксата во православната црква иконите да се украсуваат на овој начин, но и да се заштитуваат од надворешните влијанија.
Манастирот „Света Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир е средновековен манастир во близина на градот Кичево, основан во 1316 година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос