Гостивар
Свештеникот Александар Јанковски од Гостивар доби повисок чин
На денешниот православен празникот св.Трифун, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија во Лешочкиот манастир во сослужение на свештеници од епархијата. Од епархијата соопштија дека на светата литургија во протоерејски чин беше произведен ерејот Александар Јанковски од гостиварското архиерејско намесништво.
Верниот народ се причести со светите тајни. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет,а потоа според традицијата беше закроено и лозјето. „Светата Православна црква, секојдневно прославува по некој Божји угодник.Вистински христијани се оние, кои имаат голема и бескрајна љубов кон Христа Господа. Вистински христијани, кои со живот ја потврдиле својата вера во Семоќниот Бог, биле богоносните отци и светите маченици. Еден таков маченик, кој не ги жалел ниту својата младост, ниту својата телесна убавина, кој претпочитал заради вечното да го загуби привременото, е денешниот маченик – свети Трифун.Да се обратиме со искрена молитва кон св. маченик Трифун, тој нека всади во нашите срца и во нашите души силна и непоколеблива вера да можеме сите искушенија достоинствено да ги поднесеме. Амин.“, рече Митрополитот г. Јосиф во својата беседа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар