Поврзи се со нас

Гостивар

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Објавено

на

Свештената бигорска Обител информира дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите Рамноапостолни сесловенски просветители, солунските браќа Кирил и Методиј, 24 мај, ќе се отслужи утрена и Света архијерејска Литургија, во Бигорскиот скит посветен на солунските браќа, во селото Битуше.

Утрената богослужба ќе почне во 8 додека Светата архијерејска Литургија во 9 часот а со неа ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, заедно со архимандритите и јеромонасите од бигорската Обител.

„Во храмот, кој сè уште се наоѓа во фаза на изградба и оваа година молитвено ќе се собереме, за да испросиме од Бога и од Светите Браќа благослов и поскоро завршување на нивниот нов дом. На Светата Литургија ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовно раководство на нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, односно братството на Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино“, стои во објавата на Бигорски манастир.

Од година во година се поголем е бројот на оние кои присуствуваат на Светата архијерејска Литургија во овој скит, оддавајќи им почит на сесловенските просветители.

Скитот посветен на светите рамноапостоли сесловенски првоучители и покрстители, солунските браќа Кирил и Методиј се наоѓа на висорамнината под планината Крчин, над долнореканското живописно село Битуше, општина Маврово и Ростуше.

Темелите беа осветени и поставени на 31 мај 2014 година, а првата литургија беше одржана на 24 мај 2017 година.

Иницијативата за градење и идејното решение беа на владиката Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, кој има голема љубов и почит кон светите браќата Кирил и Методиј.

фото:Бигорски манастир

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Рецептипред 4 недели

Домашен сок од цреша по рецепт на нашите баби

Гостиварпред 4 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 3 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена