Поврзи се со нас

Гостивар

Света архијерејска литургија во црквата Света Петка во Гостивар по повод денешниот празник

Објавено

на

    На денот кога се прославува споменот на преподобната мајка Параскева – света Петка (Петковден), во храмот „Св. Петка“- Гостивар, беше отслужена света архиерејска Литургија на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

    Во својата беседа митроплитот г. Јосиф меѓу другото истакна:

    „Црквата никогаш не била ниту може да остане без светители. Тие се гарантот за вистинитоста на нашата вера, односно тие се потврда на успешноста на проекцијата што за животот на секој човек ја постави нашиот Спасител Господ Исус Христос. Почитувањето на светителите од наша страна се изразува со тоа што ние ним им се обраќаме за застапништво, за помош, односно да се молат пред Божјиот престол за нас, зашто тие се нашите небесни пријатели. Денеска овде во овој храм во Гостивар, ја прославуваме света Параскева-Петка која од најмлади години ги слушнала Христовите зборови: „Кој сака да врви по Мене…” и ги сфатила многу сериозно. И покрај тоа што потекнувала од богато и угледно семејство, таа го презрела целокупниот свој имот и богатство, се оддала на подвижнички и испоснички живот, се оддалечила од родниот Епиват и се посветила на подвиг во Јорданската пустина. Откако ѝ се јавил ангел Божји и ѝ соопштил дека Божјата волја е да се врати во родниот крај пред да се пресели во вечноста, таа ја послушала оваа порака. Откако биле откриени, нејзините свети мошти најпрво биле однесени во Цариград, а од таму во Трново, па во Белград, за на крај да бидат пренесени во Јаш, каде и денес почиваат. Бог ја прославил заради нејзината силна и непоколеблива вера. Затоа, секој што кон неа се обраќа со вера, го добива нејзиното застапништво за избавување од секакви зла. По нејзините молитви, Бог да ги услиши нашите прозби. Да живееме во согласност со нашата православна вера и да измолиме милост Божја за спасение на нашите души. Имајте благословен ден. Оние кои ја имате за своја семјна слава денешната светителка св. Петка, нека се моли на Бога за вас и вашите семејства. Амин!“.

    На светата литургија верниците се причестија со Светите Тајни на христијанството.

    фото:тетовско-гостиварска епархија

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена