Гостивар
Света литургија и парастос во храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар по повод денешниот празник

Во црквата „Пресвета Богородица“ во центарот на Гостивар, утрово во чест на големиот празник Св.пророк Илија – Илинден, света литургија богослужеше митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од гостиварското архиерејско намесништво.
По литургијата беше отслужен парастос за сите кои се упокоиле за одбрана на нашата вера и татковина- Македонија. Митрополитот г. Јосиф изговори пригодна беседа говорејќи за празникот, честитајки го големиот национален празник Илинден, и црковниот спомен на Светиот славен Пророк Илија.
По завршувањето на Литургијата, беше прочитано и Илинденското послание, испратено од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
фото:тетовско-гостиварска епархија
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 1 ден
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер